Регистар-каса
Регистар-каса (денес често само каса) — механичка или електронска направа за пресметување и евиденција на трансакциите во малопродажба. Најчесто доаѓа со фиока за чување на пари. Касата вообичаено печати фискална сметка за направениот промет која му се дава на купувачот. Касата која извдава вакви сметки се нарекува фискална каса.
Фиоката може да се отвори само откако ќе биде направена продажбата освен во специјални случаи итоа со употреба на клуч, кој најчесто го има шефот на продажба или газдата на фирмата. На овој начин се намалува ризикот за крадење од страна на вработените. Пример ако купувачот не бара сметка, а потребно е да се врати кусур, фиоката мора да биде отворена, што значи мора да се евидентира прометот. Најверојатно касите биле измислени со цел да се заштити газадата од кражбите направени од страна на неговите вработени.
Првите каси биле целсоно механички, без можност за печатење на сметки. Вработениот требало да ја евидентира секоја поединечна продажба, после што притискал на соодветно копче за пресметка на вкупна сума, што било знак да се отвори фиоката со пари. Истовремено едно звоно зазвонувало, со цел да се информира/предупреди раководителот дека настанува плаќање, односно трансфер на пари. Првите каси биле едноставни машини за собирање. Некои каси имале и копче "БП" - без продажба, со кое имало можност да се отвори фиоката за пари, се печатела сметка на која овој настан се регестрирал. Некои каси барале лозинка (низа на неколку цифри) за да може да се отворат. Во случај кога снемувало струја, некои каси имале вградено одреден механизам кој овозможувал да се отвори фиоката од надвор.
Сметката од касите може да се искористи за контрола на даночните обврски. Законот во некои земји ги обврзува купувачите да ги земат сметките и да ги чуваат одредено време откако ќе ја напуштат продавницата, со цел контрола да се контролира дали продавницата ја регистрира продажбата и дали плаќа соодветен данок. На овој начин се намалува даночното затајување.
Се почесто на касите се поврзани други уреди како на пример: ваги за мерење на тежина, бар код скенери, читачи на платежни картички и сл. Во најново време, касите се заменуваат со компјутери на кои е инсталира соодветна POS апликација.
Овие машини, артиклите ги внесуваат најчесто со користење на бар код (најчесто EAN или Universal Product Code (UPC)). Ја пребаруваат базата на цени за артиклите. Вршат пресметка на: одредни попусти, ДДВ, камати, различни попусти за одредени купувачи. Секоја сметка ја евидентираат со тековен датум и време. Ја регистрираат секоја поединечна продажба (секој артикал). Го евидентираат методот на плаќање. Водат евиденција за вкупната продажба на секој артикал, како и даваат извешати за продажбата во одреден период. Некои каси можат да вршат и други работи.
Најпознати производители на каси се: Casio, NCR, IBM, Wincor-Nixdorf, Uniwell, Sharp, и Toshiba TEC Corporation.
Историја
уредиПрвите каси биле пронајдок на Џејмс Рити уште во 1879. Тој бил сопственик на гостилница во Дајтон, Охајо, САД. Имал намера да ги спречи своите вработени да го поткраднуваат и да го намалуваат неговиот профит. Со помош на Џон Бирч, тој ја патентирал првата каса во 1883.[1]
Кратко време после ова, Рити решава да ги продаде правата во врска со касите на Џејкоб Х. Екерт од Синсинати, сопственик на копанијата National Manufacturing Company. Екерт во 1884 година ја продава својата компанија на Џон Х. Петерсон кој ја преименувал во National Cash Register Company. Џон Х. Петерсон ги усовршува касите на тој начин што им додава можност за запис на трансакциите на хартија во ролна , што всушност значело и можност за печатење на сметка.
Во 1906, пронаоѓачот Чарлс Ф. Кетеринг, додека работел за National Cash Register Company, успеал да конструира каса со електричен мотор.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Регистар-каса“ на Ризницата ? |
- Основни поими за касите Архивирано на 7 февруари 2007 г. (англиски)
- Форум за каси Архивирано на 7 февруари 2007 г. (англиски)
- Прирачници за каси Архивирано на 23 мај 2017 г. (англиски)