Региони во Сенегал
(Пренасочено од Региони на Сенегал)
Сенегал е поделен на 14 региони (фр. régions). Со секој од нив управува генерален совет (Conseil Régional) кој се бира на локални избори во окрузите.
Регионите понатаму се делат на вкупно 45 департмани, а тие на 103 окрузи. Овие два вида на единици немаат адмиинстративна улога. Службениците од управата се бираат во месните заедници, сочинети од 14-те региони, 110 општини и 320 селски заедници).[1][2] Најновите три региони се создадени на 10 септември 2008, со отцепување на Кафрин од Каолак, Кледугу од Тамбакунда и Седиу од Колда.
Сите региони се наречени по нивните административни центри:
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на моментални службеници во управата Архивирано на 19 август 2007 г. - Сојуз на здруженијата на изборните единици на Сенегал (француски)
- ↑ Правилник за месните заедници Архивирано на 11 мај 2011 г., Закон бр. 96-06 од 22 март 1996 (француски)
Надворешни врски
уреди- Список на административни единици во Сенегал Архивирано на 22 мај 2009 г. (француски)