Револуцијата од 1911 (филм)
„Револуцијата од 1911“ (кинески: 辛亥革命) — кинески филм од 2011 година во режија на Тао Хаи, Веи Ли и Џанкванг Танг. Главните улоги ги играат: Џеки Чен, Винстон Чао и Џоан Чен.[1]
Синопсис
уредиВо филмот се прикажуваат настаните од револуцијата која довела до создавањето на Република Кина, кога војската предводена од Сун Јат Сен ја симнала дистанијата Џинг од власта. На почетокот на 20 век, Кина се наоѓа во голема криза: државата е поделена меѓу неколку политички фракции кои се во непријателски односи меѓу себе. Реформите спроведени неодамна не даваат резултати, а населението страда од голема беда и глад. На власт е династијата Џинг, а царот има само седум години. Хуанг Џинг се враќа од Јапонија каде го изучувал модерното војување. Гледајќи дека државата се распаѓа, тој чувствува обврска да земе оружје и да се бори против власта...