Рапсодии, Оп. 79 (Брамс)

Рапсодиите, Оп. 79 за пијано — дело на германскиот композитор Јоханес Брамс создадено во 1879 г. за време на неговото летување во Порече (Перчах) во полната зрелост на неговото творештво. Посветени се на неговата пријателка Елизабет фон Херцогенберг, која била музичар и композитор. Брамс нерадо ги преименувал овие софистицирани дела од „Дела за пијано“ (Klavierstücke) во „Рапсодии“ по барање на неговата пријателка.

  • Бр. 1 во х-мол. Агитато — ова е по дело, со почетен и завршен дел во сонатна форма и среден лирски дел во Х-мол, со кода што завршува во истиот тоналитет.
  • Бр. 2 во г-мол. Молто пасионато, ма нон тропо алегро — ова е позбиено дело во пообична сонатна форма.

Во обете дела карактеристичниот тоналитет се зацврстува дури во подоцнежниот дел од композицијата.

Надворешни врски

уреди