Ралф Јуџин Митјард

Ралф Јуџин Митјард (15 мај 1925 – 7 мај 1972 година) е американски фотограф, од Нормално, Илиноис.

Ralph Eugene Meatyard
Роден(а)мај 15, 1925(1925-05-15)
Normal, Illinois
Починал(а)мај 7, 1972(1972-05-07) (возр. 46)
Lexington, Kentucky
НационалностAmerican
Познат(а) поPhotography

Живот и кариера

уреди

Митјард е роден во Норман, Илиноис а израснал во градот Блумингтон. За време на Втората светска војна кога имал само 18 години се приклучува на морнарицата. Војната била завршена пред да добие некаква извршна наредба. По завршувањето на војната кратко студира стоматологија за подоцна да се запише на студии за оптика.

По стапувањето на брак, тој со својата сопруга се преселува во Лексингтон, Кентаки за да се надгради во областа на оптиката. Таму тој работи за Тиндер-Красе-Тиндер, компанија која продава опрема за фотографирање. Сопствениците на компанијата биле активни членови во клубот на фотографи „Лексингтон Камера Клуб“ за кој уметничкиот оддел на Универзитетот Кентаки отстапува изложбен простор.

Митјард ја набавува својата прва камера во 1950 година за да направи фотографии од своето првородено дете. Тој долго време фотографира со својот Rolleifex. Со текот на времето и самиот станува член на Лексингтон клубот, а во 1954 година влегува во Фотографското Друштво на Америка. Во Лексингтон клубот Митјард го запознава Ван Дерен Кок, еден од луѓето кои вршат големо влијание врз неговата работа. Кок бил главниот виновник за изложување на фотографии  под насловот „Креативна Фотографија“ на изложби организирани од универзитетот.

Во средината на педесеттите години Митјард посетува повеќе летни работилници за фотографија предводени од Хенри Холмс Смит и Мајнор Вајт. Вајт таму меѓувреме го буди интересот на Митјард за источната филозофија.

Неговата пасија кон книгите (се вели дека читал дури и додека возел) му помогнала на Митјард да биде многу продуктивен во својата работа, па често оставал и голем дел од фотографскиот филм неразвиен, работејќи во црвената соба на усовршување на своите фотографии. „Неговиот пристап кон работата е врз основа на импровизација и под големо влијание на џез музиката од тоа време “. Ги користи своите деца како модели во работата за да истражува во однос на главниот субјект на композицијата и со тоа се осврнува на користењето надреални маски како идентитет и просторот помеѓу две материи.

Голем дел од своите фотографии се направени во необични простори, како напуштени фармерски куќи во центарот на тревопасниот регион на Кентаки или напуштени простори во околината на Лексингтон. Во раниот период на својата работа Митјард ги истражува традиционалните афроамерикански соседства околу улицата  Олд Џорџтаун во Лексингтон.

Митјард е во блиски односи со повеќе писатели од Кентаки кои се дел од литературната ренесанса во шеесеттите и седумдесеттите години. Еден од нив е и Гај Давенпорт кој подоцна помагал во составување на посмртната едиција на фотографии на Митјард. Ралф Митјард се појавува и како соавтор на книга за  кањонот Ред Ривер Џорџ „Непредвидливата дивина“ чиј автор е Вендел Бери. Двајцата автори повремено патувале на Апалачкиот планиски предел. Книгата на Бери и Митјард е од голем придонес за сочувувањето на клисурата која се наоѓала во опасност по предлог за градење на брана од националната федерална инженерска агенција. По неговата смрт, пепелта на Митјард е расфрлена низ клисурата.

Фотографот исто така бил близок пријател и со католичкиот монах и писател Томас Мертон кој живеел во еден манастир западно од Бартстоун, Кентаки. Мертон се појавува во бројни експериментални фотографии на Митјард (фотографирани токму кај манастирот). Взаемно се интересираат на тема литература, филозофија, источна и западна спиритуалност. Митјард напиша благодарница до манастирот, кратко по смртта на монахот во Бангкок, Тајланд, во декември 1968 година.

Четири години подоцна Митјард ненадејно починува, во време кога фотографијата во Америка доживува своевиден бум, период на развивање и растеж под влијание на социо-политичките превирања во шеесеттите и седумдесеттите години на дваесеттиот век. Иако Лексингтон како град заостанува зад фотографските трендови, Митјард не се смета себеси како „фотограф од југот“ или „регионален фотограф“. Неговата работа станала препознатлива низ земјата кратко пред неговата смрт.

Вреднувања

уреди

Фотографираните дела на Митјард се изложени и дел од повеќе големи музеи, објавени во многубројни уметнички списанија и оценети од неговите врсници како едни од најоригиналните и највознемирувачките фотографски дела некогаш создадени. Изложените дела се наоѓаат рамо до рамо со оние на големите фотографи како Едвард Вестон, Ансел Адамс, Мајнор Вајт, Аронд Сискинд, Хари Калахан, Роберт Франк и Еико Хосое. Но дури до крајот на седумдесеттите неговите дела се изложуваат единствено на изложби на југот. Во последната декада, неговата работа е препознаена и од европската критика која ја продлабочува генијалноста на овие фотографските дела и неговиот придонес  во фотографијата станува се позабележителен и ценет. Митјард е од оние уметници кои се во тек со времето но и многу пред него. Се во неговиот живот се движи по нормален и вообичаен тек. Оптичар, среќно оженет, татко на три деца, претседател на наставно-родителскиот совет, тренер на безбол тимот, живеел во Лексигтон, Кентаки далеку од урбаниот свет кој е центар случувањата во уметноста. Неговите фотографии не се дела од зајадливоста на уметничката фотографија од истокот или пак од фотографскиот реализам на западниот брег. Познат е по фотографиите со маски и кукли, пријатели, фамилија и соседи фотографирани во напуштени места или обични седенки во предградието.

Во исто време го пренасочува фокусот од вообичаената тематика до експериментална работа како онаа на Хенри Холмс Смит, Хари Калахан и др. Овие дела се создадени со долга експозиција со намерно движење на апаратот за да се долови фотографија како оние на Фокс Талбот, за да нацрта калиграфски мотиви со сончевите зраци и одблесокот во водата. Меѓувремено додека другите фотографи експериментираат со формите и објектите, Митјард се концентрира на општиот дизајн и истражување со необични идеи и емоции. И за крај како најважен  сегмент во градењето на сопствената естетика тој создава метод „без фокус“ кој е дел од неговиот сопствен стил. Оваа метода e наспроти секоја асоцијација на фотографијата како уметност во објективниот реализам и отвора сосема нова врата во креативната слобода во неговата уметност.

Личен живот

уреди

Митјард се жени со Маделин МекКини. Тие имаат три деца: Мајкл (роден 1950 година), Мелиса и Кристофер (роден 1955 година). Тој починал од вродена срцева маана во 1972 година . Опишан е како зен мастер по книга кој бил претседател во родителко-наставничкиот совет и безбол тренер на младите момчиња и како човекот кој ја вртел скарата на забавите на 4 јули.

Белешки

уреди