Ракан (’рт)
Ракан или Рас Ракан (арап. رأس راكان) ― најсеверната точка на полуостровот Катар, која се наоѓа во Општина Шамал.[1] Таа е северозападната точка на островчето наречено Џазират Рас Ракан, но бидејќи каналот помеѓу ова островче и копното не е проодно за чамци, Џазират Рас Ракан може да се смета дека ја образува северната крајност на гребенот.[2]
Местоположба
уредиОстровчето е на речиси 2,5 км од брегот и до него може да се стигне со одење низ ниска вода. Најсеверниот град на Катар, Руајс, се наоѓа на 2,5 км југоисточно од островчето.[2] Ако му се пријде од северен правец, Руајс станува видлив пред да биде забележан Ракан.[3]
Опис
уредиЏазират Рас Ракан е многу ниско островче во облик на Т, со прамени трева на него.[2] На јужната страна има неколку мали мангрови живеалишта.[4] Должината е 3 км од исток кон запад и е исклучително тесна. Главата во облик на Т, на нејзиниот западен крај, е долга 1,6 км.[2]
Хидрологија
уредиВо едно истражување од 2010 година, за крајбрежните води на Ракан, спроведено од Катарската статистичка служба, било откриено дека неговата просечна длабочина е 3.5 м и неговата просечна pH вредност била 7,74. Понатаму, водите имале соленост од 48,18 psu, просечна температура од 19,61°C и 4,86 mg/L растворен кислород.[5]
Наводи
уреди- ↑ Bird, Eric (2010). Encyclopedia of the World's Coastal Landforms. Springer. стр. 1038. ISBN 978-1402086380.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „'Gazetteer of Arabia Vol. II' [1557] (636/688)“. Qatar Digital Library. 1917. Посетено на 20 ноември 2022. This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
- ↑ „'Persian Gulf pilot comprising the Persian Gulf and its approaches from Ras al Hadd, in the south-west, to Cape Monze, in the east.' [132v] (269/404)“. Qatar Digital Library. 1932. Посетено на 20 ноември 2022. This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
- ↑ The Persian Gulf pilot: comprising the Persian Gulf, Gulf of Omán; and Makran coast. Great Britain: Hydrographic Dept. 1890. стр. 127.
- ↑ „Qatar Infrastructure Statistics“ (PDF). Катарска статистичка служба. мај 2012. стр. 29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-07-29. Посетено на 20 ноември 2022.