Фото Кино Клуб “Козјак 50“ се оформува во година 1950 и до ден денес опстојува со своите активности. Клубот “Козјак 50“ во денешно време се регистрира како еден од најбројните клубови во Македонија, а е единствен ваков клуб во Куманово. Од него произлегуваат фотографи и филмски уметници кои му се познати на светот со своите вонредни дела. Низ годините, клубот организира и учествува во многубројни клубски, меѓуклубски и меѓународни изложби, кои резултираат со награди, дипломи и признанија за нашите членови. Веќе неколку години континуирано се одржува една од најпрестижните изложби на фотографии “Фото Салон“, во организација на фото кино клубот “Козјак50“.

Vlado.jovanovski (разговор) 21:56, 22 декември 2011 (CET)Одговори

Козјак50

уреди

Здраво. најпрво би сакал да Ви посакам топло добредојде на Википедија на македонски јазик. Проблемот не е во значајноста на клубот, туку во моментната содржина на статијата. Стилот на пишување не е енциклопедиски, а и содржински статијата е неопходно да биде подобрена. Се надевам дека истата ќе биде подобрена и ќе опстои на Википедија. Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:37, 29 декември 2011 (CET)Одговори