Добре дојде!

Здраво, Vincinni, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!

Макпрогрес уреди

Видов дека сте ја создале страницата за компанијата, а поради тоа што претпоставувам дека работите таму, Ви препорачувам во поглед на статија на Википедија, најпрвин да ги прочитате првите чекори за тоа како се уредува, бидејќи моментално Вашата статија не личи на ништо и доколку не се уреди (поправи) и избришат епитетите како „гигантска“, „најголема“ итн.; пишување во прво лице множина и слично, статијата ќе биде избришана поради саморекламирање и спам. Известувањето го добивате бидејќи сепак сте позната компанија. Затоа во рок од три дена направете ги неопходните уредувања за да се зачува статијата. Како пример Ви ја посочувам статијата за Алкалоид. Доколку имате потреба за помош, слободно обратете се. --Ehrlich91 (разговор) 17:51, 5 септември 2014 (CEST)Одговори

Vincinni (разговор) 01:47, 10 септември 2014 (CEST) Здраво, објавив нова статија за Макпрогрес која со уште некои промени верувам дека ќе биде соодветна за сајтот. Доколку имате некои забелешки слободно пишете ми. Поздрав :)Одговори
Прифатена и малку доработена. Избришани беа деловите за мисија и визија, бидејќи содржеа неенциклопедиски стил, но останато беше одлично сработено. Сликите подобро да сте ги подигнале на самата Википедија, а не на Ризницата, бидејќи доколку не се ваши (под ваши се мисли, вие да сте ги сликнале) можно е да бидат избришани. Доколку тоа се случи, ќе ги подигнете на самата Википедија на македонски јазик, преку „подигни податотека“ што се наоѓа на левата страна, но ќе следам, па ќе видиме. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 15:27, 10 септември 2014 (CEST)Одговори

Vincinni (разговор) 11:30, 11 септември 2014 (CEST) Благодарам многу за прифаќањето на статијата и доработката од ваша страна.Во иднина ќе се потрудиме да ги дополнуваме податоците и да ја подобруваме статијата. Сакам да те прашам за податоците во инфокутијата за компанија, сакаме да додадеме инфо за пазари и производи па кои треба да бидат знаците и текстот затоа што сигурно има некој формат а јас се водев по примерот на Алкалоид. Сакаме да ја објавиме и на англиски јазик па да прашам дали е истата постапка само на име Makprogres? Поздрав :)Одговори

Како администратор на Википедија, тоа ми е работа, да ја одржувам колку што е можно подобра. Инаку, нашата инфокутија е преработена од англиската, но приспособена, па ги нема сите податоци како англискиот шаблон (види тука), за производи и пазари. На англиската имате дури и објаснето како се уредува во шаблонот, што каде се користи и слично. Ај, доколку имам време во наредниов период, ќе го средам и нашиот шаблон, за да можете да го дополните со дополнителни податоци. Инаку, да иста е постапката, само таму друг ќе одлучуваме, за жал јас немам овластувања таму, ќе треба да чекате од други. Поздрав и пријатна работа :) --Ehrlich91 (разговор) 15:06, 11 септември 2014 (CEST)Одговори