Добре дојде!

Здраво, Elena Krsteva1, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Andrew012p (разговор) 18:23, 13 ноември 2023 (CET)Одговори

Правопис уреди

Здраво, те молам внимавај на правописот, не можеш тукутака огромен број на страници да создаваш, а насловите да се погрешни. На пример, не е Ким Мин-кју, туку според правописот би било Ким Мин Кју. Секогаш проверувај на Правописот од 2017 (најновиот) за точност. Еве го правилото за Блискиот Исток, стр. 43, бр. 58 под в). Еве транскрипција од јапонски (имаш и кинески и многу други јазици), стр. 211. Исто така, секогаш се претпочитаат македонски зборови, а не странцизми. На пример, се претпочита глумец, наместо „актер“. А кога создаваш имиња на трговски марки, како на пример Azzip Pizza, се остава во оригинал, само ако не е одомаќинето во Македонија, како на пример Кока-кола. Можеш да ги преименуваш страниците, во самата страница, ако одиш горе десно од ѕвездата кај „Повеќе“, па кај „Премести“, и да ја промениш страницата. По секоја создадена страница се оди во левиот дел каде што пишува „Предмет на Википодатоци“ (биди најавена) и кај делот „Macedonian“ се пишува насловот на страницата. Ова го правиме за да се покаже името на страницата на македонски и на Гугл, и за евиденција. Види пример за Ким Мин Кју. Ако имаш некои прашања, слободно пиши ми. Поздрав. --Andrew012p (разговор) 18:52, 13 ноември 2023 (CET)Одговори