DeeJay
DeeJay - Страница за дискусии
уредиОва е мојата страница за дискусии/муабетење. Тука можете да дискутирате за се во врска со Википедија и моите постови.
Добродојде! Гледам, убаво се снавоѓаш со вики едит. Само напред и голем поздрав, --SkiSki 09:41, 15 Jun 2005 (UTC)
Здраво
уредиИ од мене, со закаснување, здраво. (испитна сесија е :)) Да ни расте википедијата, да биде жива и здрава! Инаку да се претставам, се викам Слободан, сум еден од администраторите на оваа Вики (ова, не као, "ти мене ќе ме слушаш", туку чисто да знаеш :)) Ако те чуди тоа што уште интерфејсот е на англиски, да ти кажам дека тој е преведен, ама ги чекаме типците од Мета да го актуелизираат (веќе поминаа 2 недели, мислам...). Те молам, бидејќи си активен на англиската Википедија, види го ова, и внимателно разгледај го, посебно The Poll делот. Голем поздрав. --FlavrSavr 19:55, 15 Jun 2005 (UTC)
Здраво, не си го ни погледнал линкот горе, од огромна важност е, (барем би требало да е). Поздрав. --FlavrSavr 01:55, 17 Jun 2005 (UTC)
Малку критика за форматирање :)
уредиИмам мала забелешка (добронамерна критика) за твоите статии.
- Кога ставаш наводници користи ги македонските наводници кај @ и # (отворена и затворена наводница „“). Ај сеа сите статии што си ги пишал оди да ги поправиш. ;-)
- Пробувај локалните вики врски кои ги вметнуваш да бидат постоечки, да не седат џабе црвени ако веќе има постоечка статија само со малку различно име.
На пример во статијата за Мирко Попов да речеме имаше ставено Англија - а можеше слободно Велика Британија да стои и слично со СЦГ.
Поздрав, --Glisha 19:30, 29 Jun 2005 (UTC)
Е-музика
уредиСигурно мислиш дека сум се потрудил за статиите од типот на рејв, транс и слично. Можев да ја уредам и електронска музика, меѓутоа сега немам време, а богами и трпение . Инаку обично средувам и големи статии како што е оваа . Поздрав! Boyan 13:26, 27 Јануари 2006 (UTC)
За Елена Ристеска
уредиИнтересна работа...никогаш немам приметено дека ми фали буква. Фала на забелешката. Инаку, за квадратите, знам дека тоа знае да се случи, но кај мене не прикажува ништо необично. Незнам дали е до резолуцијата или до нешто друго... Поздрав. --Б. Јанкулоскиразговор 21:15, 28 Мај 2006 (UTC)