Brezovo
ГЕОГРАФИЈА МЕСТО И ПОЛОЖБА
„Оган го гори Брезово“ патриотска песна која го опеала селото Брезово во чест на јунаците од тоa време и за оно што тие направиле за селото на Илиденското востание. Селото е едно од најопеаните востанички села во времето на Илинденот. Тоа е опеано со високо чуство на патриотизам и вековна желба на слобода.
Брезово се наоѓа на патот помеѓу селата Доленци и Зашле оддалечено од патот Битола Кичево пет километри. Селото го дели Брезовска Река и лежи во карпатесто подножје на Планината Лубен. Припаѓа во Општина Демир Хисар. Од Битола је оддалечено педесет километри и поврзано со асфалтни патишта. Денес селото дели судбина како и многи други села кои изумират. Во селото живее околу 30 жители и повеќе од нив се стари луѓе. Главно занимања на селаните е производство на вар, берење чај и собирање печурки.
Брезово
уредиИсторија од селото
Најстарите пишувани извори за село Брезово потeкнуват од времето на Отоманскто владење на Балканот. Овие записи се наоѓат во пописните книги. Првот попис што е регистриран за Битолската Нахија каде припаѓа и Брезово потекнува од 1467/1468 година тогаш во селото биле регистрирани 35 семејства. Едно семејство во тоа време броело по пет члена. Во таа пописна година селто имало око 200 жители исклучиво христијани.
На влезот во селото се наоѓаат две мали црквички Свети Илијаi Свети Никола кои по стручните проценки потекнуват од 12 и 13 век. На средина во селото каде се наоѓаат селските чешми таму се градени првите куќи за живење. Куќите се градени во квадратна форма со полукружен свод на врата и мали прозорци со капаци. Објектите имаат приземје и кат. Приземјето било наменето за чување стока и остава, а на катот била единствена просторија со огниште во средишен дел. Околу огништето и страничните ѕидови се наоаѓало целокупната покуќина за живење. Селото Брезово се наоѓа на надморска височина од 840 до1100 метри. Има голем атар и зафаќа простор од околу 20,8 квадратни киломеетри. Денес не се обработува земјиштето. Сточарство и овчарство е потполно ишчезнато така да главно занимање е производство на вар. Од стока се чуваат крави, магариња и коњи за товарење. Се прозводуваат и градинарски произовди за сопствена потреба. Мештаните се занимаваат и со пчеларство односно имаат малку кошници со пчели, берат печурки и чај.
Здраво корисник:Brezovo
уредиЗдраво и добредојдовте на Википедија. Блокиран сте на 2 часа, за тоа време ве молам да го разгледате Википедија:Почетен курс за да дознаете како се уредува на Википедија. Исто така разгледајте ја статијата за селото Брезово која веќе постои. Статии не се пишуваат со отоврање на категории. Поздрав- Виолетова (разговор) 21:28, 31 август 2020 (CEST)