СЛОВЕГО уреди

Здраво и добредојдовте на Википедија. Во врска со статијата што ја правите: треба да ги отстраните деловите што личат на реклама, бидејќи ова е енциклопедија. Статија за компанија се пишува со ставање податоци: каков тип е компанијата, од кога постои, седиште, мрежа на клиенти (ако е соодветно) и слични информации. Реченици во кои компанијата им се обраќа на клиентите (како што се: Ние ќе се погрижиме за сѐ! или ...може да биде стресно за вас и вашите родители... или Словего ќе ги исполни сите ваши очекувања... и слични на нив, се несоодветни за Википедија. Ваква каква што е сега, статијата ги исполнува условите да биде избришана. Поздрав - Виолетова (разговор) 19:04, 25 јануари 2021 (CET)Одговори