Разговор:Ханибал Лектер

Потребна е помош

уреди
  • Gaspard Ulliel - како да се изврши транскрипција на ова име (француски)?
  • За овој наслов, како е попознат филмот/книгата кај нас - Hannibal Rising = Ханибал: издигнување (?). Една друга варијанта е Ханибал: почетоци(те). Ве молам за коментар на ова.

--Brainmachinewtf? 14:26, 30 мај 2008 (UTC)

Gaspard Ulliel се преведува Гаспар Улие (веќе го променив); во врска со насловот на филмот, Brainmachine, мислам дека начна една од најосетливите теми кога е во прашање Википедија и насловите на книгите и филмовите: имено, прашањето како да се преведуваат истите, кога а) веќе се преведени на македонски (нормално, не од некоја институција чија одлука е неотповиклива по вакви прашања) но имаат различен наслов од оригиналниот и ние (претпоставуваме дека) знаеме некое посоодветно решение, односно уште поважно б) кога не се преведни на македонски, па наша задача е да дадеме соодветен превод. Во случајов, како што веќе си забележал, Hannibal Rising кај нас навистина е преведено Ханибал: почетоците, и мислам дека е попаметно така да го оставиме Ханибал: почетоците, макар што не е дефинитивен превод; всушност, филмов и на ниту еден јазик не е преведен буквално, туку многу поописно: Hannibal Rising - како започна сѐ (германски), Ханибал Лектер: потеклото на злото (француски) Ханибал: од другата страна на маската (полски)... И уште во врска со името на главниот лик - мислам дека е попаметно да биде преведен како Ханибал Лектор а пренасочувачката страница да биде од Ханибал Лектер (значи обратно), зашто при изговарањето, крајното е се изговара речиси како о, па во словенските земји, многу почесто го преведуваат така (спореди ова и ова). --Виктор Јованоски 15:24, 30 мај 2008 (UTC)

  Ок, го менувам името на ликот во Ханибал Лектoр, а името на филмот ќе биде Ханибал: почетоците. Фала, Виктор. --Brainmachinewtf? 16:05, 30 мај 2008 (UTC)
Назад на страницата „Ханибал Лектер“.