Разговор:Ефемерки

Последен коментар: пред 9 години од FlavrSavr

Оваа статија е дел од проектот Женска Архива, кој се одвива веќе две години во организација на „Бори се женски“ во периодот околу 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Иако, само по себе тоа не значи дека обработените теми и статии автоматски ги исполнуваат критерумите за енциклопедиска статија, би замолил за внимателен однос кон нив. Ако некој од администраторите ги брише, добро би било тоа да не биде со брзо бришење, туку да започне дискусија на страницата за разговор на статијата со пообемно образложување на потребата од бришење. Исто така, се надевам дека авторите на статиите ќе објаснат зошто одредени теми се значајни за статии на Википедија.

За волја на вистината, Википедија на македонски јазик уште нема дефинирано попрецизни критериуми за значајност на одредена тема, па добро би било заедницата да дискутира за некои статии кои се во некоја сива зона на значајност. --FlavrSavr (разговор) 15:04, 8 март 2015 (CET)Одговори

Можеби си во право во делот дека Википедија на македонски јазик нема одредени попрецизни критериуми за значајност, но сепак тие постојат, а одредување квантитативни критериуми не секогаш се можни и не секогаш нешто може да се измери поточно. На страна значајноста на оваа статија, мене ме плаши нејзиниот изглед, несреденост, неенциклопедиски стил, немањето никакви внатрешни врски, внес на надворешни врски во самиот текст на статијата. Така да и јас ги повикам авторите на статијата што побрзо да дадат насоки зашто е значајна статијата, а ако има елементи на значајност, тогаш да статијата да добие прикладен изглед. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 17:31, 8 март 2015 (CET)Одговори
Мислам дека тоа што Тие се првите уметнички од Македонија кои учествувале и свечено го отвориле престижниот Октомвриски салон (Oktobarski Salon) во Белград, а номинирани се и за наградата млад визуелен уметник ДЕНЕС за 2014 година. ги става во кандидати за статии. Во врска со останатите работи, односнио изгледот веројатно треба да ставиме назнака дека на оваа статија и треба викифицирање. Се работи за почетници кои уредуваат, така што не може да се очекува до тој степен исполнување на стандардите. Во секој случај статијата не ги исполнува критериумите за брзо бришење. --FlavrSavr (разговор) 16:25, 14 март 2015 (CET)Одговори
Назад на страницата „Ефемерки“.