Ефемерки
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Ефемерки (Драгана Заревска и Јасна Димитровска) се уметничко дуо кое работи во сферата на перформансот. Тие се првите уметнички од Македонија кои учествувале и свечено го отвориле престижниот Октомвриски салон Архивирано на 21 март 2016 г. (Oktobarski Salon) во Белград, а номинирани се и за наградата млад визуелен уметник ДЕНЕС за 2014 година.
Нивиот псевдоним е хумористичен дериват на Бапчорки - позната женска музикална формација од Македонија. Тој укажува на, како што велат авторките, дека тие се “краткотрајна верзија на Бапчорки, или пак, креаторки на она што е краткотрајно во традицијата”. Познати се по проекти кои се луцидна комбинација од постмодерна филозофија и анегдоти од селски живот.
Важно е да се спомене и дека Драгана Заревска е единствена наградена личност од Македонија на Европското биенале за млади уметници до 35 години. Наградата ѝ била доделена во 2009 година.
Перформанси
уреди2014 Дискурзор против Контекстер (во најава)
2013 Елегија за Рамно (во соавторство со Дарко Алексовски и Ребека Шентинел)
2012 Ретроспективна изложба на Јасна Димитровска и Драгана Заревска
2012 Ликовна колонија
2011 Методот “Леле”
Мрежно место
уредиwww.ephemerki.com
Наводи
уредиFurtherfield Magazine (UK): De-familiarizing the Familiar: The Lele Method http://www.furtherfield.org/features/interviews/de-familiarizing-familiar-%E2%80%98lele%E2%80%99-method-interview-dragana-zarevska-jasna-dimitro Архивирано на 22 јули 2014 г.
.dpi Magazine (Canada) Freedom Praxis: The Lele Method and Other Stories http://dpi.studioxx.org/demo/?q=fr/node/306
54. Oktobarski Salon (RS) The Lele Method http://oktobarskisalon.org/?umetnici=efemerki