Радомиров псалтир
Радомиров псалтир — кирилски литургиски псалтир со молитви од втората половина на XIII век од македонска редакција[1]. Претставува кирилски ракопис пишуван со ситно уставно писмо во централномакедонското подрачје од ѓаконот Радомир, според кого што го добил и името, а познат е и под името Зографски псалтир[1]. Содржи 172 пергаментни листа со димензија 14,5х10 см[1]. Има мошне мошне богата илуминација[1]. Се чува во библиотеката на Зографскиот манастир на Света Гора под сигнатура 1d13, а еден лист се наоѓа во збирката на Порфириј Успенски во Националната библиотека во Санкт Петербург под сигнатура QnI 11[1]