Раденска
Раденска (изворно на словенечки: Radenska) ― словенечки светски познат бренд на минерална вода, заштитен знак на стопанското друштво Раденска доо. Тој е еден од најстарите словенечки брендови.
Минерална вода на Раденска | |
Држава | Словенија |
---|---|
Воведена | 1869 |
Извор | Раденци |
Вид | Минерална вода |
Калциум (Ca) | 220 |
Хлорид (Cl) | 44 |
Бикарбонат (HCO3) | 2000 |
Магнезиум (Mg) | 95 |
Калиум (K) | 70 |
Натриум (Na) | 400 |
Сулфат (SO4) | 72 |
Мрежна страница | www.radenska.si |
Сите концентрации во милиграми по литар (mg/L); pH без единици |
Историја
уредиРазвојот на стопанското друштво за минерална вода започнал во Раденци во 1869 година, кога Карл Хен, сопственик на земјиштето, ги наполнил првите шишиња минерална вода. До крајот на векот, друштвото продало над 1 милион шишиња.[1]
Во 1970 година, Раденска имала свое складиште во тогашното село Горно Лисиче, Скопско.[2]
Три срца
уредиБрендот за минерална вода Раденска три срца (Раденска три срца) е во употреба од 1936 година. Дизајниран е во 1931 година од илустраторот Милко Бамбич. Според авторот, трите срца симболизирале три поранешни народи на Кралството Југославија: Србите, Хрватите и Словенците.[3]
Спонзорство
уредиДруштвото е насловен спонзор на велосипедистичката екипа во УЦИ Континентал, Љубљана Густо Сантик.[се бара извор]
Наводи
уреди- ↑ „Radenska through time“. www.radenska.si (англиски). Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ „Регистар на претпријатијата и дуќаните“ (PDF). Службен весник на Социјалистичка Република Македонија. 18 мај 1970. стр. 207. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-09-02. Посетено на 3 септември 2023.
- ↑ Kavčič, Igor. Sitar, Iztok (3 November 2007). „Slovenski strip spet zeleni“ [Slovene Comic Strip Turns Green Again]. Gorenjski glas (словенечки). GG Plus. Архивирано од изворникот на 2 август 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
уреди- Службена мрежна страница на Раденска Архивирано на 23 јуни 2012 г.