Равенка за љубовта и смртта
Равенка за љубовта и смртта – кинески филм од 2008 година, во режија на Баопинг Цао. Главните улоги ги играат: Сјун Џоу, Чао Денг и Сјанју Џанг. Филмот е добитник на наградата за најдобар режисер-дебитант на филмскиот фестивал во Сан Себастијан.[1]
Содржина
уредиЕдна таинствена смрт наеднаш поврзува петмина непознати луѓе. Полицијата открива шверц со дрога и во текот на истрагата се откриваат приказните на овие пет туѓинци (вклучувајќи и три љубовни приказни), кои се меѓусебно поврзани на чуден начин...[2]