Работници на морето
Работници на морето (француски: Les Travailleurs de la mer) е роман од Виктор Иго објавен во 1866 година. Книгата е посветена на островот Гернзи, каде што Иго поминал 15 години во егзил.[1] Дејството на Работници на морето се случува веднаш по Наполеоновите војни и се однесува на влијанието на Индустриската револуција врз островот.[2]
Илустрација од Франсоа Шифлар; дрвена резба од Фортуне Меол | |
Автор | Виктор Иго |
---|---|
Изворен наслов | Les Travailleurs de la mer |
Земја | Белгија |
Јазик | Француски |
Жанр | Романтизам |
Издавач | Албер Лакроа |
Издадена | 1866 (прво издание) |
Содржина
уредиВо Гернзи пристигнува една жена со синот Жилијат и купува куќа за која се шушка дека е опседната. Момчето расте, жената умира. Жилијат станува добар рибар и морнар. Луѓето за него мислат дека е волшебник.
Во Гернзи живее и Мес Летиери – пензиониран морнар и сопственик на првиот пароброд на островот, Дуранде – со внука му Деришет. Еден ден, пред Божиќ, додека Деришет оди во црква зад себе го гледа Жилијат, и на снегот му го пишува името. Жилијат го гледа ова, и станува опседнат со нејзиниот гест. Со текот на времето ќе се заљуби во неа и често свири гајда пред нејзината куќа.
Сиар Клабин, капетанот на Дуранде, иако ужива доверба од островјаните планира да го потопи бродот на гребенот Ханоис и да побегне со брод на шпански крадци, Тамаулипас. Стапува во контакт со Рантејн, измамник кој пред многу години украл многу пари од Мес Летиери. Клабин ги зема парите од Рантејн.
Во густа магла, Клабин плови кон Ханоис од каде што може лесно да доплива до брегот, да ги најде крадците и да исчезне, а да изгледа како да се удавил. Се губи во маглата и по грешка стигнал на гребенот Дувр, на пола пат меѓу Гернзи и Франција. На бродот е сам и преплашен, но здогледува кутер (едрилица) и скока во водата за да го стигне. Тогаш чувствува како е фатен за нога и е повлечен кон дното.
Во Гернзи се дознава за бродоломот. Мес Летиери е очаен да си го врати на моторот од Дуранде. Внука му изјавува дека ќе се омажи за оној што ќе го спаси моторот, а Мес Летиери го потврдува тоа. Жилијат ја започнува мисијата, трпејќи глад, жед и студ, во обид да го оддели моторот од бродскиот труп. Во борба со октопод, на дното на морето го наоѓа костурот на Клабин сосе украдените пари .
Конечно успева да му го врати моторот на Летиери, кој е задоволен и подготвен да си го испочитува ветувањето. Но, Жилијат не сака да се ожени со Деришет зошто ја видел како прифаќа предлог за брак од Ебенезер Кодри, млад свештеник кој неодамна дошол на островот. Ја организира нивната избрзана венчавка и им помага да побегнат со едреникот Кашмир. На крајот, со распарчени соништа, Жилијат ја очекува плимата седнат на морска карпа и се дави додека гледа како Кашмир исчезнува во хоризонтот.
Ликови
уреди- Жилијат: рибар
- Мес Летиери: сопственик на бродот Дуранде, првиот парен брод на островот
- Деришет: млада внука на Мес Летиери
- Сиар Клабин: капетен на Дуранде
- Ебенезер Кодри: млад свештеник, новодојденец на островот
Влијание
уредиРоманот е заслужен за воведувањето на гернезискиот збор за октопод (pieuvre) во францускиот јазик (во стандардниот француски јазик термин за октопод е poulpe).[3]
Инспирација
уредиВо 2010, жителите на Гернзи спровеле истражување за околностите под кои настанал романот, користејќи ги и необјавените записи на Иго. Откриле дека двојната карпа на Дувр не постои, но сепак според она што било насликано на цртеж, карпата сепак постои на таканаречениот Лес Отелес во близина на островот Сарк (и на брегот). А борбата со октоподот е инспирирана од вистински напад на полип што се случил овде.[4]
Посвета
уредиНа предната страна на книгата се наоѓа следнава посвета:
- Je dédie ce livre au rocher d'hospitalité et de liberté, à ce coin de vieille terre normande où vit le noble petit peuple de la mer, à l'île de Guernesey, sévère et douce, mon asile actuel, mon tombeau probable.
- (Книгава ја посветувам на карпата на гостопримството и слободата, на тој дел од старота норманска земја населена со благородна мала морска нација, на островот Гернзи, суров, но пријатен, мој азил во моментов, мое веројатно почивалиште.)
Објавување
уредиНовелата прво е објавена во Брисел во 1866 г. (Иго бил протеран од Франција).
Иго прво сакал неговиот есеј „Архипелагот на Ла Манш“ да биде вовед во романов, но тој бил објавен во 1883 година, а двете дела заедно се објавени во 20 век.[5]
Филмски адаптации
уредиИма најмалку пет филмски адаптации на романот:
- Toilers of the Sea (филм 1914) – непознат режисер (нем) [6]
- Toilers of the Sea (филм 1915) – непознат режисер (нем) [7]
- Toilers of the Sea (филм од 1923 година) – режисер Рој Вилијам Нил (неми) [8]
- Toilers of the Sea (филм од 1936 година) – режисер Селвин Џепсон [9]
- Морски ѓаволи (филм од 1953) – режисер Раул Волш [10]
Надворешни врски
уреди- „Text of Toilers of the Sea online“. Rakeshv.org. Архивирано од изворникот на 2006-02-13.
Наводи
уреди- ↑ „Victor Hugo in Guernsey“. Архивирано од изворникот на 2017-08-30. Посетено на 2021-11-07.
- ↑ Toilers of the Sea
- ↑ Pieuvre - Centre National des Ressources Textuelles et Lexicales
- ↑ https://guernseypress.com/news/features/2019/06/19/hugo-in-sark-notes-from-a-smaller-island/
- ↑ L'Archipel de la Manche, Priaulx Library, Guernsey
- ↑ Toilers of the Sea (1914), imdb.com
- ↑ Toilers of the Sea (1915), imdb.com
- ↑ Toilers of the Sea (1923), imdb.com
- ↑ Toilers of the Sea (1936), imdb.com
- ↑ Sea Devils (1953), imdb.com