Рабиа Фета (турски: Rabia Feta; Скопје, 1953) — македонска поетеса.

Животопис уреди

Рабиа Фета е родена во 1953 година во Скопје. каде што завршила Филолошки факултет, на отсекот Југословенска книжевност со македонски јазик. Во Скопје работела како новинар, а од 1987 година живее и работи во Норвешка, каде што, покрај другото, има работено и како преведувач. Преведува од македонски, српски и хрватски јазик на норвешки и обратно. Работи во својата издавачка куќа „Нур“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1997 година, а збирката песни „Театарот“ е нејзината 15 поетска книга.