Пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград

Пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград се случило на 3 мај 2023 година, кога ученик отворил оган врз учениците и вработените во основното училиште во Општината Врачар во Белград, Србија, убивајќи десет лица — девет ученици и еден чувар. Полицијата го уапсила напаѓачот што имал 13 години, кој според српскиот закон не може да биде кривично гонет. Момчето користело два пиштоли што биле законски во сопственост на неговиот татко.

Пукање во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“
Карта
МестоОсновно училиште Владислав Рибникар, Крунски венац, Врачар, Белград, Србија
Координати44°48′20″N 20°28′04″E / 44.805540° СГШ; 20.467780° ИГД / 44.805540; 20.467780
Датум3 мај 2023;
пред 18 месеци
 (2023-05-03)
8:00 – 8:42 (UTC+02:00)
ЦелУченици и вработени во основното училиште „Владислав Рибникар“
Вид нападМасовно пукање
Употребено оружјеЗастава CZ 99
Мртви10 (9 ученици, 1 чувар)
Повредени6 (5 ученици, 1 учителка)

Во Србија била прогласена тридневна жалост од 5 до 7 мај 2023 година.

Напад

уреди
 

Пукањето започнало околу 8:36 часот по локално време, на 3 мај 2023 година.[1] Според српското Министерство за внатрешни работи, напаѓачот откако влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“, прво пукал во обезбедувањето, а потоа и во учениците што биле дежурни во ходникот. Тој потоа ја сменил рамката на пиштолот, влегол во училницата по историја каде прво пукал во наставничката, а потоа и во другите ученици. Осомничениот излегол во дворот, каде го испразнил пиштолот, и ја повикал полицијата во 8:42 часот.[2] По пристигнувањето, полицајците го уапсиле. Напаѓачот бил вооружен со два пиштола, едниот од калибар 9 мм со три рамки, ивториот малокалибарски пиштол. Исто така со себе носел и четири молотови коктели, кои не ги искористил.[3][4]

Напаѓачот бил утврден како ученик од седмо одделение на тоа училиште, тринаесетгодишен К.К. (роден 2009 година), а случајот бил проследен до Центарот за социјална работа, бидејќи минимална старост за кривична одговорност според законите во Србија била 14 години.[5][6]

Напаѓачот убиствата ги извршил со два пиштоли што биле во сопственост на неговиот татко.[7] Според соопштение на Министерството за внатрешни работи, тој го наумил делото најмалку еден месец претходно, а со својот татко одел на стрелиште каде вежбал гаѓање.[8] Поводот не е познат, а напаѓачот бил опишан како повлечен и добар ученик.

Жртви

уреди

Пукањето резултирало со смрт на осум ученици — седум девојчиња и едно момче и чувар. Според француското Министерство за надворешни работи, еден од починатите ученици бил француски државјанин.[9] Покрај тоа, шест ученици и една учителка биле повредени. Од повредените, две момчиња и едно девојче биле пренесени на Универзитетската детска болница. Момчињата се здобиле со прострелни рани на долните екстремитети, додека девојчето се здобило со тешка повреда на главата и морало да се оперира. Подоцна било пријавено дека момчињата и учителката се во стабилна состојба, a девојчето починало на 15 мај, дванаесет дена подоцна.[10]

Заднина

уреди

Србија има строги закони за оружје, но сепак има една од највисоките стапки на поседување оружје во Европа. Нелегалното оружје е широко распространето на Западен Балкан по војните во Југославија.[11] Во 2018 година, со проценети 39.1 пиштоли во приватна сопственост на 100 луѓе, Србија била трета рангирана земја во светот во оваа статистика, заедно со Црна Гора, зад Соединетите Американски држави и Јемен. Масовните пукања се ретки во Србија.

Последици

уреди

Владата на Србија во 13.15 часот по локално време одржала вонредна седница. Прогласена е тридневна жалост. Наставата во сите училишта била прекината до крајот на денот, а наставата во училиштето „Владислав Рибникар“ била прекината до 10 мај, после што училницата во која било извршено делото, не била во употреба.

И двајцата родители биле уапсени брзо по пукањето, при што таткото бил задржан во притвор 30 дена.[6][12] Напаѓачот бил сместен на Клиника за невропсихијатрија.[13][14]

Реакции

уреди

Стотици граѓани, родители и ученици на основното училиште се собрале околу училиштето по пукањето.[15][16] Граѓаните на другите градови ширум Србија исто така се собирале за да укажат чест кон настраданите.[17]

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предложил нови мерки, меѓу кои и намалување на кривичната одговорност од 14 на 12 години.[18]

Владата на Црна Гора го прогласила 7 мај за ден на жалост.[19]

Кошаркарите од клубот Партизан на плеј-оф натпреварот од Евролига, наредниот ден, 4 мај, носеле црни дресови во чест на жртвите.[20]

Српскиот глумец Жарко Лаушевиќ напишал песна посветена на жртвите.[21]

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ понудил да ги плати трошоците за закоп на сите убиени во пукањето,[22] сепак градот Белград го организирал и платил за погребот.[23]

Наводи

уреди
  1. „Pucnjava na Vračaru, ima mrtvih“. B92 (српски). 3 May 2023. Архивирано од изворникот 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  2. „MUP: Dečak se sam prijavio, imao spisak i plan i molotovljeve koktele“. N1 (српски). 3 May 2023. Архивирано од изворникот 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  3. Picheta, Rob (3 May 2023). „A school shooting has rocked Serbia. Here's what we know“. CNN (англиски). Посетено на 3 May 2023.
  4. Paunović, Jelena (3 May 2023). „Ovo je pištolj iz kog je učenik pucao u Osnovnoj školi "Vladislav Ribnikar" na Vračaru: Ukrao ga iz kuće“. Telegraf (српски). Архивирано од изворникот 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  5. Gec, Jovana; Stojanović, Dušan (3 May 2023). „Police: Serbia school shooter had list of students to target“. Associated Press (англиски). Архивирано од изворникот 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  6. 6,0 6,1 „VJT: Ocu određeno zadržavanje, dečak nije krivično odgovoran“. N1 (српски). 3 May 2023. Архивирано од изворникот 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  7. „Eight children, security guard killed in Serbia school shooting“. Al Jazeera (англиски). 3 May 2023. Архивирано од изворникот 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  8. „Gašić: Uhapšen i otac napadača, dečak vežbao gađanje u streljani“. Danas (српски). 3 May 2023. Архивирано од изворникот 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  9. Picheta, Rob; Pennington, Josh; Gigova, Radina; Croffey, Amy (3 May 2023). „Serbia in shock after school shooting leaves eight children and a security guard dead“. CNN (англиски). Посетено на 3 May 2023.
  10. „Преминула девојчица повређена у пуцњави у ОШ „Владислав Рибникар". Политика. 15. 5. 2023. Архивирано од изворникот на 16. 5. 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date=, |archive-date= (help)
  11. „Belgrade shooting: Huge police operation after Serbia school attack“. BBC News (англиски). 3 мај 2023. Посетено на 3 мај 2023.
  12. „Uhapšen otac dečaka koji je pucao u školi na Vračaru“. N1 (српски). 3 May 2023. Архивирано од изворникот 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  13. „Vučić: Dečak smešten u Kliniku za neuropsihijatriju, Srbija ujedinjena u tuzi“. N1 (српски). 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  14. „Predsednik Vučić se obraća javnosti danas popodne“. Danas (српски). 3 May 2023. Архивирано од изворникот 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  15. „Građani se okupili na Vračaru, polažu cveće i pale sveće“. N1 (српски). 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  16. Popović, Darko (3 May 2023). „Roditelji ispred PU Vračar – žele da saznaju gde su im deca“. N1 (српски). Посетено на 3 May 2023.
  17. „Двоје рањених у критичном стању, широм Србије и региона почаст страдалима у школи "Владислав Рибникар". RTS. Посетено на 4 мај 2023.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  18. „Predsednik Srbije predložio izmene zakona o oružju nakon pucnjave u školi“. Radio Free Europe (српски). 3 May 2023. Посетено на 3 May 2023.
  19. „Dan žalosti u Crnoj Gori 7. maja povodom tragedija u Srbiji“. Данас (новине). 5 мај 2023. Посетено на 7 мај 2023.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  20. „Poseban dres Partizana u čast žrtava tragedije na Vračaru“. B92 (српски). 4 May 2023. Посетено на 5 May 2023.
  21. Milošević, Đorđe (4 May 2023). „Žarko Laušević posvetio pesmu ubijenoj deci“. Telegraf (српски). Посетено на 5 May 2023.
  22. „Dončić plaća troškove sahrane ubijenih u masakru“. B92 (српски). 4 May 2023. Архивирано од изворникот 4 May 2023. Посетено на 5 May 2023.
  23. Вести на n1info.rs

Надворешни врски

уреди