Психоаналитичка критика
Психоаналитичка критика е општо име за сите истражувачки напори на книжевните појави да се основаат врз Фројдовата психоаналитичка теорија, односно на учењето на неговите следбеници. Фројд во некои свои дела кои ја допираат проблематиката на книжевното творење и во психологијата на естетското доживување (како што се “Толкување на соништата”, “Вицот и несвесното” или “Поетот и фантазијата”) и самиот и дал силен потик на оваа критика.
Метод
уредиНеговиот обид е со анализа на различни симптоми (пр. наклонетоста на некои писатели кон одредени мотиви) да го осветли уделот на потсвесните фактори во творечкиот процес, иако не бил наклонет кон тоа дека ќе ја претвори оваа анализа во составна доктрина, бидејќи и самиот бил свесен дека спознанието кое го има за уметничкото творење е ограничено и не би можел целосно да ја објасни моќта на уметничката креативност. За него уметникот е творец кој своите желби и нагони ги остварува во фантазијата и ги сублимира на еден особен начин. Медиите со кои се користи овозможуваат адекватно доживување на рецепторите.
Најзначаен е прилогот за толкување на психичките механизми кои се однесуваат на типични реакции како што се духовити досетки, на хуморот, досетките, на појавите и се она што живее надвор од книжевноста. Фројд внимателно ја расчленува структурата и на својата методичност и дава примери на индуктивна постапка. Критиката со која се служи Фројдовите поими има поголеми претензии: оваа критика го објаснува уметничкото творештво во целина како сложен состав на импулси во сферата на подсвесното. Толкувајќи го одликите и постапките на книжевните ликови, претпоставувајќи дека секаде е оправдана психогена мотивација (пр. во т.н. Едипов комплекс) психоаналитичката критика не ги разликува доволно јасно двете засебни категории: психологијата на творецот и психологијата на ликовите.
Анализата која сака да осветли делови од книжевната структура повикувајќи се на авторот, а авторот поставува дијагноза повикувајќи се на ликовите тогаш таа анализа ги побркува основните категоријални разлики. Слични се недостатоците и во методот на забележување и толкување на улогите и значењето на соништата во книжевните дела, значи во интерпретацијата на потсвесната имагинација, појава која од почетокот ја окупира психоаналитичката критика. Издвојувајќи од целината, од конкретниот потсвесен контекст, поединечните мотиви и доведувајќи ги во врска со слични мотиви од други времиња и култури, следбениците на психоанализата ја запоставуваат интегралноста на текстот се заради шпекулација за сеприсутноста на либидинозна симболика.
Ориентации на психоаналитичката критика
уредиПсихоаналитичката критика ја карактеризираат две ориентации: интерес за забележителните црти на биографијата на авторот (разултатот е „патографија”, која во најдобар случај ја толкува авторовата приватна личност, но малку кажува за причините на нашиот интерес за неговите/нејзините дела); и втората ориентација е настојувањето да се прифатат надиндивидуални примери на најизразените знаци во уметничкото творештво, и тоа со метод на проучување кое се потпира на општа антропологија. И двете насоки на книжевното дело му приоѓаат на начин кој разгледувањето го пренесува на периферијата: текстовите или биографијата на авторот се третираат како извори на објава со секундарно значење, како документација за тези кои се однесуваат на работи надвор од книжевната област. Во таа смисла психоаналитичката критика е своевидна варијанта на позитивизмот. Нејзините интересни влијанија се во мистификацијата на биографизмот кој уметникот некритички го издигнува сметајќи го за митско суштество.