Прот и Јакинт
Прот и Јакинт се христијански светци, ранохристијански маченици кои пострадале во времето на римскиот цар Галиен. Тие биле евнуси на Света Евгенија. Заедно со неа побегнале од нејзиниот татко Филип и биле покрстени од страна на епископот Елиј. Тие и помогнале на Евгенија да се преправи со машко одело и да се замонаши во машки манастир.
Прот и Јакинт | |
---|---|
Свети Прот и Јакинт | |
Martyrs | |
Роден(а) | 3 век, |
Починал(а) | 262, Рим |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква; Коптска православна црква, Православна црква |
Главно светилиште | Сан Џовани деи Фиорентини |
Слава | 11 септември (Римокатоличка црква), 24 декември (Православна црква)[1] |
Обележја | Претставени како две млади момчиња, кои држат круни |
Во манастирот живееле одредено време по кое заминале во Рим и преобратиле во христијанство многу луѓе. Прот и Јакинт биле заробени од страна на римските војници како христијани и ги одвеле да се поклонат на римскиот бог Зевс. Според христијанските верувања, кога влегле во храмот статуата на Зевс паднала на земјата и се скршила на неколку делови. По ова било наредено да бидат обезглавени наводно поради магијата која ја направиле кога влегле во храмот. Тие биле погубени во 262 година.
Нивните гробови биле откриени во времето на Папа Дамас I во 366 година. Нивните мошти денеска се наоѓаат во Рим.
Наводи
уреди- ↑ Saints, December 24, Justin Popović (српски)