Пророштвото на Романови

„Пророштвото на Романови“ (англиски: The Romanov Prophecy) е роман од американскиот писател Стив Бери. Книгата е издадена во 2004 година од Балантајн Букс (англиски: Ballantine Books) co ISBN 0-345-46006-5. Македонскиот превод е од Ромео Ширилов во издание на Матица Македонска од 2011 година.

Корицата на оригиналното издание

Фабула

уреди

Дејствието се одвива на потегот меѓу Соединетите Американски Држави и Руската Федерација, со адвокатот Мајлс Лорд и поранешната акробатка Акилина како главни јунаци. Овој историски трилер обработува тема која се одвива во денешницата, а има историско значење - судбината на семејството на последниот руски цар Николај Втори.[1]

Библиографија

уреди
  1. „Пророштвото на Романови“, БЕРИ, Стив, Матица Македонска, 2011