Пропиверин

хемиско соединение

Пропиверин е лек кој се користи како антихолинергик (го намалува дејството на невротрансмитерот ацетилхолин) и спазмолитик (против грчеви на мазната мускулатура на внатрешни органи).

Примена

уреди

Пропиверин спаѓа во групата на невротропни-мускулотропни спазмолитици. Поради ова својство се применува во урологијата кај уринарна инконтиненција и зголемена фреквенција на мокрење (прекумерно често празнење на мочниот меур).[1]

Начин на дејство

уреди

Пропиверин има двоен ефект:[2]

  • невротропно дејство: антихолинергично дејство - претставува компетитивен инхибитор на мускаринскиот рецептор кој физиолошки е активиран од страна на невротрансмитерот ацетилхолин на парасимпатичкиот дел од автономниот нервен систем ( антагонистичко дејство, парасимпатиколитик), слично на атропин,
  • мускулотропно дејство: директен спазмолитичен ефект врз мазните мускули (релаксација на мазната мускулатура), споредлив со папаверинот, како резултат на инхибиција на приливот на калциум преку L-тип калциумовите канали во мазните мускулни клетки.

Фармакокинетика

уреди

Поради долгиот полуживот од 14 до 20 часа во споредба со другите невротропни-мускулотропни антиспазмодици, доволен е внес на два пати на ден.

Несакани дејства

уреди

Користењето на лекот може да доведе до замор, нарушувања на гастроинтестиналните функции, сува уста, пад на крвниот притисок со симптоми на вртоглавица и, во случај на високи дози, до намалување на секрецијата на потните жлезди (што доведува до акумулација на топлина, црвенило на кожата).

Наводи

уреди
  1. ABDA-Datenbank (Stand: 5. August 2008) des DIMDI.
  2. Deutsches Ärzteblatt 1998; 95(20): Harninkontinenz: Propiverin ist gut verträglich. Hier online.


     Ве молиме, обратете внимание на важното предупредување
во врска со темите поврзани од областа на медицината (здравјето).