Пролетни авантури
„Пролетни авантури“ — книга за деца (сказни) на македонскиот писател Велко Неделковски од 1985 година. Книгата е објавена од издавачката куќа „Детска радост“, како 31. книга во библиотеката „Другарче“. Книгата, со обем од 153 страници, е испечатена во РО НИП „Нова Македонија“, ООЗТ Печатница, во тираж од 2 050 примероци. Автор на корицата е Владо Јоциќ, додека илустрациите во книгата ги нацртал Мишо Рогановиќ. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ — Скопје. На конкурсот распишан по повод 40-годишнината на детскиот печат во СР Македонија, книгата ја освоила првата награда за сказни.[1]
Содржина
уредиКнигата има 13 глави во кои се раскажува за доживувањата на мачорот Манилко.[2]