Производствен вишок

Производствен вишок — поим во математичката економија којшто ја претставува разликата меѓу фактичката цена по којашто производителите ги продаваат своите производи и најмалата цена по којашто се подготвени да ги продадат. Ако производителите се подготвени да ги продадат своите производи по пониска цена од понудената цена на пазарот, тогаш тие имаат поголема корисност од продадениот производ отколку што инаку би го продале. Поимот бил воведен во употреба од страна на Алфред Маршал.[1]

График на понудата и побарувачката на којшто производствениот вишок е обележан со сина боја.

Најмалиот износ по којшто производителите се подготвени да продадат одредено количество на добро е збир од најмалата цена по којашто тие би ја продале првата единица, најмалата цена по којашто тие би ја продале втората единица итн. Карактеристично е тоа што овие цени имаат тенденција да растат и се претставени преку поединечната крива на понудата. При дадена цена, производителот го продава количеството за коешто вишокот е најголем, каде што производствениот вишок е збир од вишокот по којшто производителите се подготвени да продаваат под пазарната цена за сите единици. Производствениот вишок има најголема вредност при последната единица којашто производителите можат да ја продадат по пониска цена од пазарната. Агрегатниот производствен вишок се пресметува како збир од производствениот вишок на сите поединечни производители.

Пресметка

уреди

Производствениот вишок (поединечен или агрегатен) е прикажан преку површината ограничена со кривата на понудата (поединечна или агрегатна) и хоризонталната линија што ја претставува тековната цена (во случај на агрегатен производствен вишок, тоа е рамнотежната цена на пазарот). Ако кривата на понудата има линеарен облик, тогаш производствениот вишок всушност има облик на триаголник чијашто плоштина може да се пресмета со помош на формулата:

 

каде    е рамнотежната цена на пазарот,    е понуденото количество при рамнотежната цена и    е цената при којашто понуденото количество би изнесувало 0, односно точката на пресек на кривата на понудата со ценовната оска. Но, обично кривите на функциите на понудата и побарувачката имаат посложен облик и немаат линеарен облик, па површината на производствениот вишок не претставува триаголник. Во овој случај, истата може да се пресмета со примена на интегрално сметање. На тој начин, производствениот вишок претставува одреден интеграл од функцијата на понудата во однос на цената, чиишто граници се движат од најмалата цена, т.е. пресекот на кривата на функцијата на понудата со ценовната оска, до пазарната цена:

  каде  

Оттука, зголемувањето на рамнотежната цена и зголемувањето на понуденото количество при рамниотежната цена предизвикува зголемување на производствениот вишок; намалувањето, пак, на рамнотежната цена и намалувањето на понуденото количество при рамнотежната цена предизвикува намалување на производствениот вишок.

Производствениот вишок и добивката

уреди

Производствениот вишок е тесно поврзан со добивката, но нема исто значење. Овие два поима се разликуваат во тоа што производствениот вишок произлегува од разликата на приходите и варијабилните трошоци, додека добивката е разлика на приходите и вкупните трошоци, вклучувајќи ги и фиксните трошоци.[2]

Но, дефиницијата на производствениот вишок не е еднозначна. Хол Варијан го опишува производствениот вишок како „приходи минус варијабилни трошоци или добивка плус фиксни трошоци“.[3]. Жан Тирол, пак, запишал: „Добивката на претпријатието може да се нарече производствен вишок. Добивката е еднаква на приходот намален за трошоците.“[4]. Волфганг Сезан исто така сметал дека производствениот вишок е исто што и добивка, па запишал: „При пазарните цени, над просечните вкупни трошоци постои добивка. Оваа добивка се нарекува производствен вишок [...]“.[5]

Со оглед на тоа што на долг рок нема фиксни трошоци, производствениот вишок би можел да се претстави како разлика на приходите и варијабилните трошоци.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ulrich van Suntum: Die unsichtbare Hand. Springer; 2005, 3. Auflage, S. 26.
  2. Pindyck, Robert S. Mikroökonomie. Pearson Deutschland GmbH, 2009. S. 384.
  3. Varian, 1999, S. 362.
  4. Tirole, 1999, S. 17.
  5. Cezanne, 1997, S. 155f.