Економски вишок, познат и како вкупна благосостојба или Маршалов вишок (по Алфред Маршал) — поим во математичката економија којшто претставува збир од потрошувачкиот и производствениот вишок. Притоа, производствениот вишок ја претставува разликата меѓу најголемата цена којашто потрошувачите се подготвени да ја платат и фактичката цена којашто ја плаќаат, додека производствениот вишок ја претставува разликата меѓу фактичката цена по којашто производителите ги продаваат своите производи и најмалата цена по којашто се подготвени да ги продадат.

Графикон на понудата и побарувачката на којшто економскиот вишок ја претставува површината обоена со црвена и сина боја.

Потрошувачки вишок

уреди

Потрошувачкиот вишок (поединечен или агрегатен) е прикажан преку површината ограничена со кривата на побарувачката (поединечна или агрегатна) и хоризонталната линија што ја претставува тековната цена (во случај на агрегатен потрошувачки вишок, тоа е рамнотежната цена на пазарот). Ако кривата на побарувачката има линеарен облик, тогаш потрошувачкиот вишок всушност има облик на триаголник чијашто плоштина може да се пресмета со помош на формулата:

 

каде    е рамнотежната цена на пазарот,    е побаруваното количество при рамнотежната цена и    е цената при којашто побаруваното количество би изнесувало 0, односно точката на пресек на кривата на побарувачката со ценовната оска. Но, обично кривите на функциите на понудата и побарувачката имаат посложен облик и немаат линеарен облик, па површината на потрошувачкиот вишок не претставува триаголник. Во овој случај, истата може да се пресмета со примена на интегрално сметање. На тој начин, потрошувачкиот вишок претставува одреден интеграл од функцијата на побарувачката во однос на цената, чиишто граници се движат од пазарната цена до најголемата цена, т.е. пресекот на кривата на функцијата на побарувачката со ценовната оска:

  каде  

Оттука, зголемувањето на рамнотежната цена и намалувањето на побаруваното количество при рамниотежната цена предизвикува намалување на потрошувачкиот вишок; намалувањето, пак, на рамнотежната цена и зголемувањето на побаруваното количество при рамнотежната цена предизвикува зголемување на потрошувачкиот вишок.

Производствен вишок

уреди

Производствениот вишок (поединечен или агрегатен) е прикажан преку површината ограничена со кривата на понудата (поединечна или агрегатна) и хоризонталната линија што ја претставува тековната цена (во случај на агрегатен производствен вишок, тоа е рамнотежната цена на пазарот). Ако кривата на понудата има линеарен облик, тогаш производствениот вишок всушност има облик на триаголник чијашто плоштина може да се пресмета со помош на формулата:

 

каде    е рамнотежната цена на пазарот,    е понуденото количество при рамнотежната цена и    е цената при којашто понуденото количество би изнесувало 0, односно точката на пресек на кривата на понудата со ценовната оска. Но, обично кривите на функциите на понудата и побарувачката имаат посложен облик и немаат линеарен облик, па површината на производствениот вишок не претставува триаголник. Во овој случај, истата може да се пресмета со примена на интегрално сметање. На тој начин, производствениот вишок претставува одреден интеграл од функцијата на понудата во однос на цената, чиишто граници се движат од најмалата цена, т.е. пресекот на кривата на функцијата на понудата со ценовната оска, до пазарната цена:

  каде  

Оттука, зголемувањето на рамнотежната цена и зголемувањето на понуденото количество при рамниотежната цена предизвикува зголемување на производствениот вишок; намалувањето, пак, на рамнотежната цена и намалувањето на понуденото количество при рамнотежната цена предизвикува намалување на производствениот вишок.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Marshall, Alfred (1890). Principles of Economics (First Edition ed.). London: Macmillan.