Проектот Лингва е онлајн заедница за преведување, формирана во 2007 година, со цел да ги преведува написите од глобалниот проект за граѓански медиуми Глобал војсис онлајн, од англиски на други јазици, овозможувајќи комуникација помеѓу блогерите од целиот свет. Проектот моментално преведува на 15 различни јазици и неговиот тим е составен од приближно 50 влонтери преведувачи и уредници. Проектот Лингва е голема заедници за преведување, засновани на волонтерство, која постојано се проширува.[1][2]

Проект Лингва
Податотека:200px-languagebadge-general-445.gif
Основанајануари 2007
ЦелОвозможува комуникација помеѓу блогерите со преведување написи од Глобал војсис онлајн
Службени јазициалбански, арапски јазикарапски, бенгалски, германски, италијански, јапонски, кинески (упростен и традиционален), македонски, малгашки, персиски, португалски, француски, хинди, шпански
Матична организацијаGlobal Voices Online
Доброволци50
Мреж. местоmk.globalvoicesonline.org/language
Лого на Глобал Војсис Лингва

Почеток на проектот

уреди

Проектот Лингва започна како иницијатива од тајванскиот блогер Портноѕ Зенг, кој започна со преведување на написите на Глобал војсис на кинески во септември 2005.[3] Првичната идеја стана проект на самитот на Глобал војсис во декември 2006, каде му беше дадено името „Лингва“. Од тогаш, овој проект се има драстично проширено.

Наводи

уреди
  1. Chris Salzberg, "Translation and Participatory Media: Experiences from Global Voices Архивирано на 21 април 2010 г.," Translation Journal, July 2008.
  2. Ethan Zuckerman, "Language and translation on Global Voices," My heart's in Accra, 16 декември, 2006.
  3. Paula Góes, "Portnoy Zheng: The blogger who inspired the world to talk together," Global Voices Online, February 10th, 2008.

Надворешни врски

уреди