Природен парк Алатај
Природен парк Алатај (киргиски: Алатай мамлекеттик жаратылыш паркы) — парк во Токтогулскиот Округ во Џалал-абадската Област во Киргистан, основан во јануари 2016 година. Целта на паркот е зачувување на единствените природни комплекси и биоразновидност, заштита на ретка и загрозена флора и фауна и проширување на мрежата на посебно заштитени подрачја на Република Киргистан. Површината на паркот е 56.826,4 хектари.[1][2]
Природен парк Алатај | |
---|---|
Киргиски: Алатай мамлекеттик жаратылыш паркы | |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Место | Токтогулски Округ, Џалал-абадска Област, Киргистан |
Координати | 41°57′N 72°15′E / 41.950° СГШ; 72.250° ИГД |
Површина | 56.826,4 хектари |
Воспоставен(а) | 2016 |
Природниот парк се наоѓа во западните планини Тианшан, околу долините на реките Алатај и Узун-Акмат, северозападно од акумулацијата Токтогул.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Specially protected natural territories of the Kyrgyz Republic“. Department of Biodiversity Conservation and Specially Protected Natural Areas. Архивирано од изворникот на 14 November 2019. Посетено на 10 January 2022.
- ↑ „Alatay State Nature Park“. Specially Protected Areas and Biodiversity of Kyrgyzstan (руски). Посетено на 5 June 2020.
- ↑ Soviet military map K-43-19 (1:200,000)