Приморски Алпи (римска провинција)
(Пренасочено од Приморски Алпи (Покраина во Римската Империја))
Приморски Алпи (латински: Alpes Maritimae) била римска провинција, една од трите мали покраини кои се протегале на Алпите помеѓу денешните Франција и Италија. Била создадена во 14 г. п.н.е. од страна на Октавијан Август. Нејзин главен град бил Цеменелум, денеска градски регион во Ница, Франција.
Провинцијата му го дала името на денешниот департман Приморски Алпи.