Приказна за принцезата Кагуја

Приказна за принцезата Кагуја (かぐや姫の物語, Kaguya-hime no Monogatari) е долгометражен јапонски анимиран филм од 2013 година. Филмот е режиран од Исао Такахата, а сценариото за истиот е засновано врз истоименуваната фолклорна бајка Сказна за секачот на бамбус. Продуцент на филмот е Јошиаки Нишимура, а филмот е анимиран од Студио Гибли.

„Приказна за принцезата Кагуја“
РежисерИсао Такахата[1]
ПродуцентЈошиаки Нишимура
МузикаЏо Хисаиши
МонтажаТошихико Коџима
СтудиоСтудио Гибли
ДистрибутерToho
Премиера23 ноември 2013 (2013-11-23)
Времетраење137 минути[2]
ЗемјаЈапонија
ЈазикЈапонски
Буџет¥5 милијарди (US$49 милиони)[3]
Бруто заработка¥2.5 милијарди (US$27 милиони)

Филмот се прикажува за првпат во Јапонија на 23ти ноември 2013 година. Со буџет од 49,3 милиони американски долари, тој е најскапиот јапонски филм на сите времиња. Филмот е номиниран за Оскар во категоријата Оскар за најдобар анимиран филм на Осумдесет и седмото доделување на наградите Оскар. За време на продукцијата на филмот е снимен и долгометражен документарен филм кој го проследува процесот на изработка на анимираниот филм.[4]

Приказна

уреди

Старец се преживува себеси и својата жена продавајќи кошници од бамбус.[5] Еден ден во внатрешноста на бамбусово стебло наоѓа минијатурно девојче—големо колку човечки палец. Старците го одгледуваат девојчето како свое дете, крстувајќи го „Принцеза“. Девојчето се вљубува во селскиот идиличен живот и се спријателува со локалните деца. Сутемару, најстариот од пријателите, чувствува посебна приврзаност кон неа.

Наоѓајќи злато и скап текстил во бамбусовата шума, старецот најдбава ја сфаќа како божји знак и се решава својата ќерка да ја претвори во вистинска принцеза. Сака да ѝ овозможи богат живот, надвор од селската идила која не ѝ прилега на нејзиниот раскош и убавина, затоа со семејството се селат во главниот град, каде ја затвора ќерката во палата и се обидува да ја претвори во благородница. По тој повод ѝ доделуваат и ново име—Кагуја—достојно за нејзината нова позиција. Збор за нејзината убавина се шири брзо и пет благородници од престижни семејства ѝ предложуваат брак. Девојчето се бори против ограничувањата и благородништвото, копнеејќи за слобода, зелените пространи планини и среќниот и безгрижен живот во селската идила.

Главни ликови

уреди

Кагуја (かぐや姫) е главниот лик на филмот. Татко ѝ ја нарекува „принцеза“, а селските деца ѝ викаат Бамбусова фиданка (タケノコ Takenoko) бидејќи расте забележително брзо. Кагуја доаѓа од Месечината, од каде е протерана на Земјата за да го искуси земниот смртен живот.

Сутемару (捨丸) е вториот главен лик во филмот, кој не постои во оригиналната бајка. 13-годишниот Сутемару е водач на селските деца кои заедно со Кагуја во него видат фигура на постар брат, нарекувајќи го батко Сутемару. Неговата улога од постар брат и близок пријател на Кагуја со време преминува во таа на љубена личност.

Сануки но Мијацуко (讃岐造) е таткото на Кагуја. Верува дека правејќи ја благородна принцеза ќе ја осреќи ќерка си. Благородниците му се потсмеваат и го нарекуваат парвени (parvenu).

Мајката на Кагуја е приврзана кон селскиот живот, а сепак не наспротува на желбата на сопругот да се преселат во главниот град верувајќи во неговите одлуки.

Продукција

уреди

Како дете Такахата ја чита Сказната за секачот на бамбус, а не може да сочувствува со хеорината Кагуја. Нејзината трансформација му се чини премногу енигматична и во него не буди чувства на емпатија. Во 1960 г. додека работи за Toei Animation, се подготвува за потенцијална филмска адаптација, која не се остварува. После повторно читање на фолклорната бајка во неа забележува нов потенцијал кој би можел да ја развесели публиката. Во 2012 г. е веќе факт дека Такахата работи на истата.

Морална и денарна поддршка од 40 милиони американски долари добива од страна на претседателот на Nippon TV, Сеичиро Уџие, кој е фен на делото на Такахата и го замолува продуцентот на Студио Гибли, Тошио Сузуки, да му овозможи на Такахата да го реализира овој проект.

На Такахата му е важно публиката да сочувствува со приказната на филмот, затоа наместо за реалистичен се одлучува за минималистичен стил, кој заради скицозноста на потезите со јаглен и живите акварелни бои влева свежина и живот во самото дело. Белината присутна на платното остава простор на гледачот сам да ја заполни и на тој начин да се соживее во филмот. Осаму Танабе ги обликува ликовите, а Казуо Ога, кој е долгогодишен соработник на Студио Гибли, ги слика позадините со акварел.

Реакцја на публиката

уреди


  1. Kaguya-hime no Monogatari: Credit“ かぐや姫の物語 クレジット (јапонски). Архивирано од изворникот 25 January 2014. Посетено на 22 January 2014.
  2. PRINCESS KAGUYA [Subtitled]“. British Board of Film Classification. 22 January 2015. Архивирано од изворникот 22 January 2015. Посетено на 22 January 2015.
  3. Ma, Kevin (23 July 2014). „Pokemon defeats Ghibli at Japan box office“. Film Business Asia. Архивирано од изворникот на 19 August 2014. Посетено на 25 July 2014.
  4. Симјаноски, Ѓоко (2015). „„Најдобрите филмови во 2015, досега". Архивирано од изворникот на 2020-04-14. Посетено на 27 February 2019.
  5. Т, Елена (2015-02-27). „Предлог филм: The Tale of The Princess Kaguya“. 365.com.mk. Посетено на 2020-04-01.