Приказната на чиновникот
Приказната на свештеникот (англиски: The Cleric's Tale) — првата приказна од Групата Е во делото Кантербериски приказни од Џефри Чосер. По ова приказна следи Приказната на трговецот. Свештеникот од Оксенфорд (денешен Оксфорд) е студент по филозофија или теологија (во денешна смисла). Тој ја раскажува приказната за Гризелда, млада девојка чиј сопруг ѝ ја проверува верноста по пат на низа бизарни измачувања во духот на библиската книга Јов.
Дејствие
уредиГризелда раѓа ќерка, и Валтер решава да ја провери нејзината верност кон него. Тој праќа офицер да го земе бебето, преправајќи се дека ќе го убие, и тајно го носи во Болоња. Гризелда на ова не се буни. Кога таа раѓа син неколку години подоцна, маркизот повторно наредува да се земе детето.
На крај, Валтер решава да направи уште една последна проверка. Тој фалсификува папска била за поништување на брак и ѝ соопштува на жена си дека намерава да се прежени и дека од неа бара да ја подготви венчавката. Валтер тајно ги враќа децата од Болоња, и ја претставува ќерка си како новата жена. Подоцна тој ѝ кажува на Гризелда за измамата, и (неверојатно) продолжуваат да си живеат среќно засекогаш.
Претходник Приказната на судскиот повикувач |
Кантербериски приказни | Наследник Приказната на трговецот |