Преносен сметач

(Пренасочено од Пренослив сметач)

Пренослив сметач (пренослив компјутер, српскохрватски: переносник или лаптоп, англ. laptop computer, notebook computer, notebook) — мал пренослив сметач кој вообичаено тежи 1 — 8 кг. Преносливите сметачи содржат компоненти кои се идентични со типичните персонални сметачи, но се минијатуризирани (смалени) за да бидат полесни, да трошат помалку струја и да зафаќаат помалку простор. Преносливиот сметач вообичаено работи на батерии и на надворешно напојување.

HP Envy.
Космонаутот Џон Крејтон позира со Грид Компас 1100 во вселената во 1985. Ова веројатно бил првиот преносен сметач во 1982., имал монитор со 320х200 пиксели, 340 килобајти РАМ меморија и тежел 5кг. Немал внатрешен диск ниту дискетна единица.

Преносливиот сметач еволуирал со развојот на технологијата. Првите преносливи сметачи се појавиле во 1982/83 и како што се развивала технологијата така и нивната тежина опаѓала, а времето на автономна работа без надворешен извор на енергија растело. И другите перформанси го следеле општиот развој на сметачите.

Поради преносливоста и високата интеграција на компонентите, преносливите сметачи се поподложни на стареење и физички оштетувања од стационарните сметачи. Компонентите како што се батериите, шарките од екранот, конекторите и напојувањето се најчести жртви на секојдневната употреба.

Од друга страна, самиот концепт на преносливост на податоците и работите заедно со нивниот сопственик неизбежно ги прави преносливите сметачи неопходност.

Поврзано

уреди