Преминување на Андите

(Пренасочено од Преминувањето на Андите)

Преминувањето на Андите (шпански: Cruce de los Andes) бил еден од најзначајните подвизи за време на војната за независност на Аргентина (тогаш именувана како Обединети Покраини на Рио де ла Плата) и војната за незавиност на Чиле. За време на овој поход, комбинираната армија составена од аргентински и чилеански војници, позната како Армија на Андите, навлегле на територијата на Чиле од аргентинска страна и со тоа ја почнале борбата за независност на Чиле од шпанската окупација. Ова преминување бил значаен чекор во стратегијата развиена од Хосе де Сан Мартин сè со цел да се поразат силите на Монархијата во Чиле, а најважно упориштето во Лима, Перу. Походот тргнал од Мендоса во Аргентина, тогаш дел од покраината Кујо во јануари 1817 година. Целта им била да влезат во Чиле без да бидат забележани од монархистите и да изведат ненадеен напад. Крајната цел била ослободување на Чиле од шпанска управа. Преминувањето траело 21 ден.

Преминување на Андите
Дел од the Латиноамерикански војни за независност

Генералите Хосе де Сан Мартин (лево) и Бернардо О'Хигинс (десно) ги преминуваат Андите.
Датум 19 јануари до 13 февруари 1817
Место од Аргентина (тогаш Обединети Покраини на Рио де ла Плата) до Чиле
Исход Патриотските сили успешно влегле на чилеанска територија
Завојувани страни
Армија на Андите Шпанија Шпански монархисти
Команданти и водачи
Хосе де Сан Мартин
Мигел Естанислао Солер
Бернардо О'Хигинс
Шпанија Франсиско Марко дел Понт
Шпанија Маријано Осорио

Почетоци

уреди

Идејата за преминување на Андите била развиена од тајните ложи кои барале независност на Јужна Америка и истата била дел од Мејтландовиот план. Сан Мартин разбрал за овој план за време на неговата кратка посета на Британија , пред да заплови за Јужна Америка. Откако увидел дека е тешко да се нападнат монархистичките упоришта во Лима со премин преку Горно Перу, тој одлучил да го изведе преминувањето на Андите.

Генералната капетанија Чиле го отстранил својот гувернер во 1810 година и го заменил со Првата владина хунта. Овој период на првата хунта е познат како „патрија вјеха“ („стара татковина“, patria vieja). Како и да е, тие ќе бидат поразени во 1814 година за време на битката на Ранкагва и на чело со реконгистите Чиле повторно ќе стане монархистичко упориште. Бернардо О'Хигинс и другите чилеански водачи избегале во Мендоса за време на новата монархистичка влада и така се нашле на територијата на Аргентина и заедно со аргентински војници ја оформиле Армијата на Андите.

Трупи и опрема

уреди

Градот Мендоса, за време на тој период, бил главно место или упориште каде се создавала војската. Граѓаните на Мендоса им помагале на трупите со тоа што се произведувал барут и муниција. Тие исто така научиле да произведуваат и топови и друга опрема. Главната исхрана била составена од валдивијано, еден вид чорба составена чарки (сушено солено месо), кромид, вода и зачини. Армијата имала определено војници кои носеле храна. Војниците пренесувале 40 тони храна, како на пример чарки, пити од пченка, бренди (за издржување на ладното време), месо, лук и кромид (за борба против висинска болест), повеќе од 4000 грла стока, сирење и рум.[1]

Преминувањето

уреди

Утрото на 19 јануари 1817 година Сан Мартин и неговата армија тргнале од нивниот камп „Ел Плумерилјо“ и го започнале патувањето преку Андите. Сан Мартин преминал со 4000 луѓе, а на крајната цел стигнал со две третини од вкупната бројка. Тоа било силен удар за армијата. Бројот на помошен персонал стигнал до 1200. За време на преминувањето Сан Мартин ја поделил армијата на два дела: главниот дел патувал преку преминот Лос Патос и бил предводен од Сан Мартин, Мигел Естанислао Солер и Бернардо О'Хигинс. Вториот дел патувал јужно од нив преку преминот Успалјата и бил предводен од Хуан Грегорио де лас Херас.[1]

Крајно одредиште

уреди

На 13 февруари 1817 година Сан Мартин, О'Хигинс и нивните армии влегле во Сантјаго, откако поминале 500 километри преку планините.[2] Во тоа време монархистите стигнале во северно Чиле за да ја избегнат Армијата на Андите, но сепак водичот на монархистите останал со 1500 луѓе во долината Чакабуко во близина на Сантјаго.[3] Така започнала битката на Чакабуко.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 "Chacabuco 1817." Архивирано на 29 октомври 2008 г. Glasgow and District Wargaming Society.
  2. Scheina, Robert L. Latin America's Wars.
  3. Robertson, William Spence. "History of Latin-America Nations."'

Литература

уреди
  • Harvey, Robert. "Liberators: Latin America`s Struggle For Independence, 1810–1830". John Murray, London (2000). ISBN 0-7195-5566-3
  • Rector, John Lawrence (2003). The History of Chile. Greenwood Publishing Group.
  • Robertson, William Spence (1922). History of Latin-American Nations. Texas: D. Appleton and Company.
  • Scheina, Robert L. (2003). Latin America's Wars. Brassey's.
  • Van Dyke, Harry Weston (1912). Through South America. Texas: Thomas Y. Crowell Company.