Преименување на туркменските месеци и денови, 2002
На 10 август 2002 година, Владата на Туркменистан донела закон за преименување на сите месеци и повеќето денови во неделата. Имињата биле избрани според државните симболи на Туркменистан, како што е опишано во Рухнама, книга напишана од Сапармурат Нијазов, првиот и единствен доживотен претседател на Туркменистан. Според документарниот филм на Арто Халонен, Сенката на Светата книга, турскиот стопанственик Ахмет Чалик се појавил со идеја да ги преименува месеците, бидејќи се обидувал да се здружи со Нијазов за да ги прошири своите деловни активности во земјата.
По донесувањето на законот, новите имиња биле користени во сите државни медиуми на Туркменистан. Публикациите на други јазици освен туркменскиот честопати ги користеле и новите имиња, особено оние што биле насочени кон рускојазичните граѓани на Туркменистан, со старото име понекогаш напишано во загради. Старите имиња на месеците сè уште се користеле во народниот говор.[1]
Четири години по промената, Нијазов починаl во 2006 година. На 23 април 2008 година било објавено дека кабинетот на министрите на Туркменистан разговарал за враќање на старите имиња на месеците и деновите од неделата.[2] Старите имиња конечно биле обновени во јули 2008 година.[1]
Првичните месечни имиња биле земени од рускиот јазик. Усвоените туркменски имиња биле следниве:
Македонско име | Старо Туркменско име | Усвоено име на Туркменистан | Објаснување |
---|---|---|---|
Јануари | Јанвар | Туркменбаши | Значејќи „Водачот на Туркменистан“, усвоеното име на Сапармурат Нијазов, претседател на Туркменистан и автор на Рухнама . |
Февруари | Феурал | Бајдак | Знаме – денот на знамето на Туркменистан се слави во февруари на роденденот на Нијазов. |
Март | Март | Ноуруз | Традиционалната персиска нова година, која се слави во март. |
Април | Апрел | Гурбансолтан | Гурбансолтан Еџе – Името на мајката на Нијазов. |
Мај | Мај | Магтимгули | Магтимгули Пираги – туркменски поет, сметан од Нијазов за еден од најголемите духовни учители на туркменскиот народ. |
Јуни | Ијун | Огуз | Огуз Кан – легендарниот и полумитскиот основач на туркменскиот народ, првпат евидентиран во 13 век (види Огузи). |
Јули | Ијул | Горкут | Херој на туркменскиот еп „Горкут-Ата“. |
Август | Аугуст | Алп Арслан | Вториот водач на Селџучкото Царство, водел војна со Римското Царство и ја иницирал турската миграција во Мала Азија. |
Септември | Сентјабр | Рухнама | Книга на Нијазов, дефинирана како духовен водач за туркменската нација. |
Октомври | Октјабр | Гарашсизлик | Независност – Денот на независноста на Туркменистан се слави во октомври. |
Ноември | Нојабр | Санџар | Последниот владетел на Селџучкото Царство . |
Декември | Декабр | Битараплик | Неутралност – Туркменистан е прогласен за неутрална земја, а Денот на неутралноста се слави во декември. |
Изворните имиња на деновите во неделата доаѓаат од персискиот. Усвоените имиња биле следниве:
Македонско име | Старо Туркменско име | Усвоено име на Туркменистан | Објаснување |
---|---|---|---|
Понеделник | Душенбе | Башкин | Прв ден |
Вторник | Сишенбе | Јашгин | Млад ден |
Среда | Чаршенбе | Хошгин | Поволен ден |
Четврток | Пеншенбе | Согапгин | Праведен ден |
Петок | Ана | Анагин | Ден на мајката |
Сабота | Шенбе | Рухгин | Духовен ден |
Недела | Јекшенбе | Дјнчгин | Ден за одмор |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Туркменам вернули прежний календарь, Lenta.ru, 1 јули 2008 (руски)
- ↑ „Turkmen Go Back to Old Calendar“. BBC News. 24 April 2008. Посетено на 9 мај 2020.