„Пред ноќта“ (француски: Juste avant la nuit) — француски филм од 1971 година, режиран од Клод Шаброл (Claude Chabrol), кој е автор и на сценариото, засновано врз романот на Едуар Атија (Edouard Atiyah). Главните улоги ги играат: Мишел Буке (Michel Bouquet), Стефан Одран (Stéphane Audran), Франсоа Перие (François Périer), Анри Атал (Henri Attal), Жан Карме (Jean Carmet), Селија (Célia) и Ана Дукинг (Anna Douking). За својата улога, Одран ја освоила наградата БАФТА во категоријата главна женска улога. Ова е последниот филм на Шаброл од т.н. Циклус за Хелена, составен од пет криминалистички филмови снимени во текот на три години, а наречени според името на главниот женски лик. [1]

Синопсис

уреди

Шарл Масон (го игра Буке) е рекламен агент, среќно оженет и татко на две деца, кој живее во Версај. Подолго време, тој е во љубовна врска со Лаура (ја игра Дукинг), сопругата на својот сосед и добар пријател. За време на една садо-мазо игра во изнајмен стан, Шарл ненамерно ја дави Лаура. Тој бега од станот, решен да не кажува никому за тоа што се случило. Телото на убиената е пронајдено и започнува истрагата, а Шарл, иако не е обвинет, тешко се носи со сознанието дека случајно станал убиец...

Наводи

уреди