Правото на Обединетото Кралство е поделено на три дела.[1] Англиското право, кое се применува во Англија и Велс и правото на Северна Ирска, кое се применува само во Северна Ирска се засноваат на принципи од прецедентното право. Шкотското право, кое се применува само во Шкотска е плуралистички систем, заснован на принципи од граѓанското право, со елементи од прецедентното право кои датираат од средниот век. Додека Англија, Велс, Северна Ирска и Шкотска се разидуваат во подеталните закони од прецедентното право и додека во Северна Ирска, Шкотска, Велс и Лондон се пренесени одредени области од законодавната надлежност, постојат суштински области на правото кои се применуваат во целото Обединето Кралство.

Обединетото Кралство нема единечен правен систем бидејќи бил создаден од страна на политичката заедница на претходно независни земји, со членот 19 од Договорот за Унијата кој стапил на сила со Актите на Унијата во 1707 година, кои гарантираат натамошно постоење на одделен Шкотски правен систем.[2] Актите на Унијата помеѓу Велика Британија и Ирска во 1800 година, не содржeле еквивалентни придобивки, но го задржале принципот, одделни судови да заседаваат во Ирска, сега Северна Ирска.

Највисок суд за сите криминални случаи и граѓански предмети во Англија, Велс и Северна Ирска, како и за сите граѓански предмети во Шкотска е Врховниот Суд на Обединетото Кралство.[3] Последните уставни промени го поддржале создавањето на нов Врховен Суд на Обединетото Кралство, во октомври 2009 година кој требало да ги преземе апелационите функции од Апелациониот комитет на Домот на Лордовите.[4][5] Судскиот систем во Англија и Велс е управуван од Врховниот Суд на Англија и Велс, кој се состои од Апелационен суд, Висок суд на правда (за граѓански предмети) и Кралскиот суд (за кривични случаи). Судот на Северна Ирска ја следи истата шема. Во Шкотска главни судови се Врховниот граѓански суд (Court of Session), за граѓанските случаи и Врховниот кривичен суд (High Court of Justiciary), за кривични случаи. Локалните судови (Sheriff courts), немаат еквивалент надвор од Шкотска затоа што тие се задолжени и за кривични и за граѓански предмети.

Судскиот комитет на Личниот Совет на Кралицата е највисокиот апелационен суд за неколку независни земји од комонвелтот, британските прекуокеански територии, како и за колониите на британската круна. Исто така постојат имиграциски судови со широка надлежност од страна на Обединетото Кралство – Азилскиот и Имиграциониот Трибунал (Asylum and Immigration Tribunal) и Специјалниот одбор за имиграциски жалби (Special Immigration Appeals Commission). Трибуналот за вработување ( Employment tribunals) и Аплелациониот трибунал за вработување (Employment Appeal Tribunal) имаат надлежност низ Велика Британија, но не и низ Северна Ирска.

Три правни системи

уреди

Во Обединетото Кралство има три различни законски надлежности: Англија и Велс, Северна Ирска и Шкотска.[6] Секоја има свој правен систем, различна историја и потекло.

Англиско право

уреди

„Англиско право“ е термин на уметноста. Се однесува на правниот систем раководен од судовите во Англија и Велс, кој ги решава и граѓанските и кривичните прашања. Англиското право е познато како мајка на прецедентното право и се заснова на тие принципи. Англиското право може да се опише како право кое има своја различна правна доктрина, различна од правните системи на граѓанското право уште од 1189 година. Не постоела некоја главна кодификација на правото или предмет на статут , законот е развиен од страна на судиите во суд, со примена на законските одредби, преседан и здрав разум за изложените факти, да се даде објаснување за одлуките врз основа на правните принципи кои се изнесени и се задолжителни за слични случаи во иднина. Во раните векови, правниците и судиите биле одговорни за адаптирање на системот со судски налог, за тој да ги задоволи секојдневните потреби, применувајќи комбинација од преседан и здрав разум за да се изгради тело за внатрешно доследен закон. Откако се зголемила моќта на Парламентот и се развил предмет во доктрината за поделба на власта, законодавството постепено го презело правото на донесување одлуки, па денес судиите се во можност да воведуваат промени само во одредени дефинирани области. Времето пред 1189 година било дефинирано во 1276 година како памтивек.

Судовите во Англија и Велс се предводени од Повисоките судови на Англија и Велс, во кои спаѓаат Апелациониот суд, Високиот суд на правда (за граѓанските предмети) и Кралскиот суд ( за кривични постапки). Врховниот суд е највисок суд во земјата и за кривични и за граѓански предмети во Англија, Велс и Северна Ирска и секоја одлука донесена од овој суд е обврзувачка за секој суд од истото законодавство и често има убедлив ефект во другите законодавства. По барање, судот може да надгласа одлуки донесени од инфериорните судови, како што се окружните судови (за граѓански постапки) и судовите за прекршоци. Високиот суд може да анулира судска ревизија, како административни одлуки на Владата така и избрани закони. Крајното тело на жалба за сите кривични и граѓански постапки во Англија и Велс (и Северна Ирска и за сите граѓански предмети во Шкотското право) е Врховниот суд на Обединетото Кралство, кој ја презел оваа функција од Апелациониот комитет на „Домот на лордовите“ во октомври 2009 година.

По Актите на унијата во 1707 година, англиското право станало еден од двата правни системи во различни делови од истото Обединето Кралство и имало влијание од Шкотското право, посебно во развивањето и интеграцијата на трговското право од лордот Менсфилд, и во развојот на дел од законот за одговорност. Шкотското влијание можеби имало влијание врз укинувањето на различните начини на дејствување во XIX век и врз проширените процедурални реформи.

Правен систем на Северна Ирска

уреди

Правото на Северна Ирска е систем на прецедентно право. Раководено е од судовите во Северна Ирска, со крајна жалба до Врховниот суд на Велика Британија и за кривични и за граѓански предмети. Правото на Северна Ирска е слично на Англиското право, правилата на прецедентното право биле донесени во Кралството на Ирска под Англиска власт. Сепак, постојат и значителни разлики.

Основата на правото на Северна Ирска е од Англиското прецедентно и статутно право. Судовите на Северна Ирска се водени од Правосудскиот систем на Северна Ирска, кој се состои од Апелациониот суд на Северна Ирска, Високиот суд на правда на Северна Ирска и Кралскиот суд на Северна Ирска. На пониско ниво од нив се наоѓаат окружните судови и судовите за прекршоци.

Шкотско право

уреди

Шкотското право е единствен правен систем со основа од Римското право. Со основа од некодифицираното граѓанско право од Кодексот на Јустинијан, исто така вклучува елементи од прецедентното право со средновековни извори. Така, Шкотска има плуралистички или мешан правен систем, сличен на системот на Јужна Африка и во помал степен на делумно кодифицираниот плуралистички систем на Луизијана и Квебек. Со Актите на Унијата во 1707 година добива заедничко законодавство со другите земји од Обединетото Кралство. Шкотска, Англија и Велс ги задржале своите различни правни системи, но Унијата го донела влијанието на Англиското врз Шкотското право и обратно. Во последните години, врз Шкотското право имале влијание Европското право, во согласност со Договорот од Рим и основањето на Шкотскиот парламент кој може да донесе закон во рамките на своите области на законодавната надлежност, како што е наведено во Шкотскиот Акт во 1998 година.

Главни судови се Врховниот граѓански суд (Court of Session), за граѓанските случаи[7] и Врховниот кривичен суд (High Court of Justiciary), за кривични.[8] Врховниот суд на Обединетото Кралство е највисокиот апелационен суд за граѓански случаи во Шкотското право, a како правило не е потребна жалба од Врховниот граѓански суд (Court of Session). Локалните судови (Sheriff courts) се задолжени за повеќето граѓански и кривични случаи, кои вклучуваат водење на кривични судења со порота, познат како официјален локален суд или со окружен судија без порота, познат како локален суд за ситни прекршоци. Шкотскиот правен систем е уникатен со тоа што има три можни пресуди за судење на кривично дело: виновен, невин и не е докажано. Невин и не е докажано резултираат со ослободување без можност за повторно судење.[9]

Кабинетот на секретарот за правда е дел од Шкотскиот парламент кој е задолжен за полицијата, судовите и кривично право, а Шкотската затворска служба раководи со затворите во Шкотска.[10] Иако во 2007/08 година нивото на евидентиран криминал опаднал на најниско во последните 25 години,[11] популацијата на затворениците, над 8 000,[12] е на рекордно ниво и е над планираниот капацитет.[13]

Законодавство на Обединетото Кралство

уреди

Парламент на Обединетото Кралство

уреди

Парламентот на Обединетото Кралство е дводомен, со горен дом, Домот на лордовите (House of Lords), и со долен дом (House of Commons). Домот на лордовите вклучува два различни типа на членови Духовните водачи (постарите бискупи од Англиската црква) и Наследни перови, и нивните членови не се избираат од страна на населението. Долниот дом се избира демократски. Двата дома се состануваат во посебни комори во Вестминстерската палата (позната како Палата на парламентот), во градот Вестминстер, околија на Лондон со статус на град. Со новата уставна конвенција, сите владини министри, вклучувајќи го и премиерот, се членови на Долниот и Горниот дом.

Парламентот еволуирал од раните средновековни совети кои ги советувале владетелите на Англија и Шкотска. Теоретски, моќта ја немал парламентот, туку Кралицата (или Кралот). Често се смета дека Кралицата е целосна суверена власт. Во 2002 година, случајот Тобурн против Советот на Сандерленд ги потврди принципите во Англиското право за надмоќта на Правото на Европската унија над националното право.

Во поново време, вистинската власт ја имаат Долниот дом и Европската комисија. Владетелот е само фигура, а овластувањата на Горниот дом се значително ограничени.

Собрание на Северна Ирска

уреди

Собранието на Северна Ирска е предаденото законодавство на Северна Ирска. Има моќ да донесува закони во голем број на области кои не се експлицитно ограничени од Парламентот на Обединетото Кралство, и да ја назначува Извршната власт на Северна Ирска. Седиштето на собранието е во Стормонт, Белфаст.

Последната инкарнација на Собранието е воведена во 1998 година со Договорот од Белфаст, чија цел била да се стави крај на насилните 30 годишни проблеми во Северна Ирска. Заснован е на принципите за распределба на овластувањата според методот Донт за да се обезбеди учество во владеењето на двете најголеми политички заедници на Северна Ирска, унионистите и националистите. Собранието е еднодомно, демократски избрано тело кое е составено од 108 членови познати како Членови на законодавното собрание. Членовите се избираат по пат на пренос на гласови на пропорционална застапеност.

Шкотски парламент

уреди

Шкотскиот Парламент се наоѓа во областа Холруд во главниот град Единбург. Парламентот, неформално наречен Холруд,[14] е демократски избрано тело со 129 членови познати како Членови на шкотскиот парламент. Членовите се избираат со мандат од 4 години, со додатен систем на членство или со пропорционална застапеност. Како резултат на тоа, 73 членови застапуваат одделни географски изборни единици избрани со системот на мнозинство (first past the post), и плус 56 членови кои застапуваат осум дополнителни географски региони, од секој регион се избрани по седум членови. Парламентот на Шкотска бил национална законодавна власт на независното Кралство на Шкотска и постоел од почетокот на 13 век, сè додека кралството на Шкотска не се соединило со Кралството на Англија со Актите на Унијата во 1707 година и било формирано Кралство на Велика Британија.[15] Како последица на тоа, Шкотскиот парламент се соединил со Англискиот парламент за формирање на Парламентот на Велика Британија, со седиште во Вестминстер во Лондон.[15]

Наводи

уреди
  1. "The UK has three legal systems, operating in England and Wales, Scotland and Northern Ireland", direct.gov.uk, accesses 12 March 2007
  2. „The Treaty (act) of the Union of Parliament 1706“. Scottish History Online. Архивирано од изворникот на 2019-05-27. Посетено на 5 October 2008.
  3. Constitutional reform: A Supreme Court for the United Kingdom PDF (252 KiB), Department for Constitutional Affairs; accessed 22 May 2006.
  4. UK Supreme Court judges sworn in BBC News, 1 October 2009
  5. Constitutional reform: A Supreme Court for the United Kingdom PDF (252 KB), Department for Constitutional Affairs. Посетено на 22 May 2006
  6. pdf file PDF (64.6 KiB) "For the purposes of the English conflict of laws, every country in the world which is not part of England and Wales is a foreign country and its foreign laws. This means that not only totally foreign independent countries such as France or Russia... are foreign countries but also British Colonies such as the Falkland Islands. Moreover, the other parts of the United Kingdom - Scotland and Northern Ireland - are foreign countries for present purposes, as are the other British Islands, the Isle of Man, Jersey and Guernsey." Conflict of Laws, JG Collier, Fellow of Trinity Hall and lecturer in Law, University of Cambridge
  7. „Court of Session - Introduction“. Scottish Courts. Архивирано од изворникот на 2012-05-25. Посетено на 5 October 2008.
  8. „High Court of Justiciary - Introduction“. Scottish Courts. Архивирано од изворникот на 2012-08-05. Посетено на 5 October 2008.
  9. „The case for keeping 'not proven' verdict“. London: Times Online. 20 March 2005. Архивирано од изворникот на 2010-05-25. Посетено на 5 October 2008.
  10. „Scottish Cabinet and Ministers“. Scottish Executive. Архивирано од изворникот на 2008-09-07. Посетено на 5 October 2008.
  11. „Scottish crime 'lowest since 80s'. BBC News. 30 September 2008. Посетено на 21 October 2008.
  12. „Prisoner Population at Friday 22 August 2008“. Scottish Prison Service. Архивирано од изворникот на 2012-03-07. Посетено на 28 August 2008.
  13. „Scots jail numbers at record high“. BBC News. 29 August 2008. Посетено на 21 October 2008.
  14. „Scottish Parliament Word Bank“. Scottish Parliament. Посетено на 14 November 2006.
  15. 15,0 15,1 „The First Scottish Parliament: the Middle Ages – 1707“. Scottish Parliament. Посетено на 14 November 2006.