Стандардизација на белорускиот јазик
(Пренасочено од Правопис на белорускиот јазик)
Стандардизацијата на белорускиот јазик бил процес со кој се засновале правописните, граматичките и лексичките норми на јазикот. Белоруската правописна реформа од 1933 година е стандардот кој и денес се користи во Белорусија. Луѓето кои се поддржувачи на стариот правопис тарашкевица тврдат дека белоруската реформа од 1933 година била под силна русификација.
Белоруски јазик Беларуская мова |
---|
Стар правопис
уредиРазлики меѓу стариот и новиот правопис
уредиРазликите меѓу стариот и новиот правопис се:
- промена во почетните букви на асимилативо омекнување: „песня“, „свет“, наместо „песьня“, „сьвет“.
- мекиот знак не се пишува меѓу двојни согласки: „каханне“, наместо „каханьне“.
- честичката „не“ и предлогот „без“ се пишуваат непроменето, без разлика на промената на изговорот: „не быў“, наместо „ня быў“; „без мамы’“ наместо „бяз мамы“.
- позајмени зборови се регулирани: т.н. акање е зачувано во сите случаи освен во мала група од околу 10 зборови, средноевропското „l“ се предава како мек и употреба на зборовни завршетоци „-ый, -iй“, на пример „алюміній“ наместо „алюміні“.
- правописот на личните имиња е регулиран па така наместо изведени разговорни имиња се користат канонски православни. Така на пример се користи името Юрый наместо Юрка, Юры, Юра или Юрась.
- завршетоците на „-а“ и „-у“ во генитивот се регулирани како „-а“ во рускиот, не како „-у“ како што е во некои дијалекти. Одреден е и правописот на дативот и предлошкиот падеж.