Правишки мост
мост во Правишта, Егејска Македонија
Правишки мост (грчки: Γεφύρι στην Αγία Παρασκευή) — стар камен мост во градот Правишта, Егејска Македонија.
Правишки мост Γεφύρι στην Αγία Παρασκευή | |
---|---|
Координати | 40°54′50.65″N 24°14′54.84″E / 40.9140694° СГШ; 24.2485667° ИГД |
Место | Правишта, Егејска Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Распони | 1 |
Местоположба | |
Мостот се наоѓа во западниот дел на маалото Ајасма. Тој е единствениот преостанат од 8-те камени моста кои постоеле во градот. Според усната традиција мостот бил изграден од епирски мајстори. Неговиот лак е со елементи на ажур со камен ред надграден со потенок корниз. Мостот во минатото имал дрвени огради кои со цел да се обезбеди неговата безбедна употреба се заменети со метални и е покриен со плочи.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Γεφύρι στην Αγια Paraskevi (Ελευθερούπολι)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 7 март 2024.