Правец (сметачи)
„Правец“ е серија бугарски лични сметачи, кои се произведени од ЗИМ, Правец и БАН. Овие сметачи користат Apple, поточно Аpplе I и Аpplе II и IBM. Сите сметачи се со процесор 6502 со работна честота од 1.018 MHz.
Модели
уреди8-битна архитектура
уреди- Правец 8
- ИМКО-1 (Индивидуален МикроКОмпјутер) е првиот бугарски личен сметач. Овој сметач се произведува од 1980 до 1982. Оваа верзија е блиска со Аpplе II, со рам од 48 kiB и со можност за проширување до 64 kiB и со ром од 12 kiB. Централниот процесор е со честота од 1 MHz. Оваа верзија не користи дискови за складирање податоци.
- Правец 82 или ИМКО-2. сметачот користи процесор 6502 со честота од 1.018 MHz.
- Правец 8Е – овој модел не се произведувал во Бугарија и бил директна копија на Аpplе. За разлика од бугарските сметачи, Правец не е хардверски кирилизиран.
- Правец 8М – овој модел има вградена CP/M плоча, која содржи 16 kiB дополнителна меморија и процесор Z80, дозволувајќи на системот да работи како со DOS, така и со оперативни системи CP/M.
- Правец 8D – 8-битен домашен сметач, искористејќи домашен телевизор наместо специјален сметачки монитор. Овој модел бил програмско несоодвете со сметачите од фамилијата Правец 82, поради различната архитектура. Првично работел само со касетофон. Овој модел имал подобрени звучни можности, со помош на Yаmаhа. Овој модел се користел за домашна употреба и обука.
- Правец 8А – за првпат се искористила бугарска шема (процесор и чипсет) СМ 63x, каде меморијата можела да се зголеми до 1080 kiB, преку специјализиран слот.
- Правец 8Со – подобрена верзија од претходната, но и намалена верзија на Правец 8А. Вториот „домашен сметач“ е создаден да го замени Правец 8D. Нема централен слот за меморија. Меѓутоа овој модел има 128KB вградена RАM меморија, вграден флопи диск контролер, сериски и паралелен интерфејс.
- Правец 8S – последната верзија на 8-битниот сметач од серијата Правец. Оваа е нешто како „луксузна верзија“ на Правец 8C. Произведени се премногу малку количини од тој модел. Разликата е во подобрата интеграција на елементите на матичната плоча.
- Правец 8VC – подобрена верзија на Правец 8C. Основната разлика е во кутијата, која е слична со кутијата на ИЗОТ 1031C. Тастатурата е одделна и има два диска за меморија.
16-битна архитектура
уреди- Правец 16 – изработен според IBM PC, со процесор Intеl 8088 и Intеl 8086. Првично е развиен под името „ИМКО-4“.
- Правец 16А/Н - „подобрена“ верзија на Правец 16, со процесор v20 на NЕC, работејќи на 8 мегахерца и со 1 MB меморија и 20 MB тврд диск.
- Правец 16Т - со Intel 8088, 10 MHz и 640 KB меморија.
- Правец 286 – со Intel 80286, 8/12 MHz и 1 MB меморија.
- Правец 386 - со Intel 80386SX, 25 MHz и 1 MB меморија.
- Правец 486 – произведен само со единични броеви.
Надворешни врски
уреди- Страница за обожавателите на Правец 8/16
- Страница за ИМКО-1 и 2 и Правец 82[мртва врска] на страницата на old-computеrs.com
- Правец 8
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |