Поход (филм од 1968)
„Поход“ – југословенски филм од 1968 година, во режија на Ѓорѓе Кадијевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Слободан Перовиќ, Јанез Врховец, Северин Бијелиќ и Душан Јаниќијевиќ.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива за време на Втората светска војна. Германска казнена експедиција минува низ едно село и ги убива жителите, а преживуваат само еден селанец и неговото теле. Бегајќи до воените опасности, кај селанецот се јавува длабока приврзаност кон телето кое сака да го заштити по секоја цена. По ослободувањето на селото, војската која врши откуп на добитокот и нему му го одзема телето. Меѓутоа, селанецот го краде телето и го крие на селските гробишта. Поради кражбата, власта го затвора селанецот, а по излегувањето од затворот, тој го наоѓа мртвото теле.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |