Потполно модерната Мили
„Потполно модерната Мили“ (англиски: Thoroughly Modern Millie) — филм на режисерот Џорџ Рој Хил (George Roy Hill) од 1967 година. Снимен според британскиот мјузикл „Хризантема“ (Chrysanthemum) од 1956 година, филмот бил номиниран за наградите „Оскар“ во седум категории и за „Златен глобус“ во пет категории. Во 1967 година бил на осмото место според остварената заработка, а во 2000 година бил преработен во мјузикл кој, исто така, постигнал голем успех. Автор на сценариото е Ричард Морис (Richard Morris), а главните улоги ги играат: Џули Ендрјуз (Julie Andrews), Мери Тајлер Мур (Mary Tyler Moore), Џејмс Фокс (James Fox), Џон Гавин (John Gavin) и Керол Ченинг (Carol Channing).[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во лудите 1920-ти. Енергичната девојка Мили сака да најде работа и да се омажи за богат работодавач. Иако ѝ се допаѓа сиромашниот продавач Џими, таа е решена да се омажи за богатиот сопственик на фабриката Тревор Грејдон, но тој е заљубен во другарката на Мили, Дороти Браун. Додека сите тие се обидуваат да ја пронајдат вистинската љубов, лошата станодавка, г-ѓа Мирс планира да ја продаде Дороти како бело робје...