Потполни странци (филм од 2016)
Потполни странци (италијански: Perfetti sconosciuti) - италијански филм од 2016 година, во режија на Паоло Џеновезе (Paolo Genovese) кој е и автор на сценариото, заедно со Филипо Болоња (Filippo Bologna), Паоло Костеља (Paolo Costella), Паола Мамини (Paola Mammini) и Роландо Равело (Rolando Ravello). Главните улоги ги играат: Џузепе Батистон (Giuseppe Battiston), Ана Фољета (Anna Foglietta), Марко Џалини (Marco Giallini), Едоардо Лео (Edoardo Leo), Валерио Мастандреа (Valerio Mastandrea), Алба Рорвахер (Alba Rohrwacher) и Касја Смутњак (Kasia Smutniak).
Синопсис
уредиСедум долгогодишни пријатели се собираат на вечера. Разговарајќи за разводот на нивниот познаник, предизвикан од една телефонска порака, една од присутните жени предлага да играат необична игра во која сите присутни ќе ги стават мобилните телефони на масата и јавно ќе одговорат на секој повик и ќе ја покажат секоја примена порака. Меѓутоа, со текот на времето, пристигнатите повици и пораки почнуваат да ги откриваат тајните на присутните, особено за нивните вонбрачни љубовни авантури. Притоа, еден од нив се обидува да го заштити својот пријател така што прифаќа да биде разоткриен како хомосексуалец. На крајот, вистинскиот хомосексуалец го соопштува својот идентитет на изненадување на неговата сопруга, а еден од неговите пријатели не сака да ја прифати неговата сексуална ориентација.[1]