Последниот човек (филм од 1924)
Последниот човек (германски: Der letzte Mann) - германски филм од 1924 година, во режија на Фридрих Вилхелм Мурнау според сценариото на Карл Мајер. Главните улоги ги толкуваат: Емил Јанингс, Мали Делшафт, Макс Хилер, Емили Курц, Ханс Унтеркирхер, Георг Џон итн. Во САД, филмот се прикажувал со насловот „Последното смеење“ (The Last Laugh).[1]
Синопсис
уредиСтариот портир (го игра Јанингс) на хотелот „Атлантик“ ја извршува својата работа со голема посветеност и се гордее со униформата. Сепак, тој веќе почнува да го чувствува товарот на староста, а неговата физичка слабост ја забележува и менаџерот на хотелот (го игра Унтеркирхер), кој одлучува да вработи нов портир, а стариот го преместува на ново работно место - чистач во тоалетот. Стариот портир е засрамен и понижен и ја краде портирската униформа, со намера да ја прикрие вистината од домашните и соседите. Меѓутоа, неговата измама е откриена и него го исмеваат сите соседи, а неговото семејство го отфрла. Засрамен, тој ја враќа униформата и оди да преспие во хотелскиот тоалет, а чуварот (го игра Јон) е единствениот човек кој има разбирање за него.
Во епилогот на филмот се прикажува дека стариот портир доживеал среќна судбина: еден ексцентричен мексикански милионер, кој умрел во хотелскиот тоалет, му го оставил своето богатстсво на стариот портир. Сега, стариот портир ужива во своето богатстсво така што во хотелскиот ресторан порачува скапи јадења, а друштво му прави поранешниот хотелски чувар. По оброкот, тој оди во тоалетот, каде повторно работи стар човек, и на чистачот му дава многу пари. Кога го напушта хотелот, на излезот е построен целиот хотелски персонал, а стариот портир на сите вработени им дава пари. Најпосле, тој и чуварот се качуваат во кочија, а тогаш се појавува еден питач. Стариот портир е дарежлив и кон него, го поканува во кочијата и му дава пари.