Последниот ден на еден осуденик на смрт

Последниот ден на еден осуденик на смрт (француски: Le Dernier Jour d'un Condamné) е краток роман на Виктор Иго објавен во 1829 година . Во романот се раскажува за мислите на човекот осуден на смрт. Виктор Иго го напишал романов за да го изрази ставот дека смртната казна треба да се укине.

Последниот ден на еден осуденик на смрт
Илустрација од првото издание (1829)
АвторВиктор Иго
Изворен насловLe Dernier Jour d'un Condamné
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
ЖанрРомантизам
ИздавачГоселин
Издадена
1829

Идеја

уреди

Виктор Иго неколку пати бил сведок на погубување со гилотина, и бил лут од тоа што народот се воодушевувал од таков настан. Иго почнал да го пишува „Последниот ден на еден осуденик на смрт“ еден ден по престојот во хотел каде што џелатот ја подмачкувал гилотината за да ја изврши погубувањата. Го завршил многу брзо.[1] Книгата ја објавил Чарлс Госелин во февруари 1829 година, без да го наведе името на авторот. По три години, на 15 март 1832 година, Иго ја довршл приказната додавајќи долг предговор и потпишувајќи се како автор.

Содржина

уреди

Во Франција во 19 век, човек осуден на смрт со гилотина, ги запишува своите мисли, чувства и стравови додека го очекува погубувањето. Пишувањето ја следи промената во неговата психа и го опишува својот живот во затворот, опишува сѐ - од изгледот ќелијата до карактерот на затворскиот свештеник. Не си го спомнува името, ниту пак што тој направил за да биде осуден. Осуденикот за читателот останува безимена, безлична и бесмислена жртва.

Интересно е што во новелата накратко се споменува Жан Валжан, јунакот од Клетници на Виктор Иго. Додека осудениот ја чека казната, се запознава со друг осуденик кој му ја раскажува својата животна приказна. Тој му кажува дека го затвориле затоа што украл леб за да го спаси семејството на сестра си.[2] Ова се поклопува со приказната на Жан Валжан што Иго ја дава во клетници.[3]

Во еден момент се обидува да побегне наговарајќи суеверни чувар да му ги даде алиштата. Чуварот ќе се согласи, но на крај ќе преовлада здравиот разум кај него и одбива да размени облека со Осуденикот.

Дента кога треба да биде погубен, за последен пат ја гледа својата тригодишна ќерка, но таа веќе не го препознава и му вели дека татко ѝ е мртов.

Новелата завршува со неговата очајна молба за помилување и ги проколнува луѓето - луѓето што ги слуша надвор како нестрпливо врескаат да почне спектаклот на неговото обезглавување.

Влијание

уреди

Иако „Последниот ден на еден осуденик на смрт“, за разлика од другите дела на Иго, не е толку познато, новелата се истакнува што е пофалена од Фјодор Достоевски како „несомнено најреално и највистинито од сето она што го напишал Иго“ во неговите писма [4] и романот „Идиот“ [5] Треба да се забележи дека самиот Достоевски лично ги доживеал психолошките трауми на осуденикот откако бил осуден на смрт а подоцна и помилуван. Исто, Достоевски го споменува ова дело во Кротка, наведувајќи ја новелата на Иго како средство за да се оправда „фантастичната“ идеја да се запишуваат мислите во моментите на неволја.[6]

Наводи

уреди
  1. ↑ Achevé en 3 semaines selon Victor Hugo raconté par un témoin de sa vie, chapitre L ou en un mois et demi (14 novembre 1828 - 26 décembre 1828) selon Roger Borderie (Notices sur le Dernier Jour d’un condamné - Gallimard 1970)
  2. Reynolds, George W.M. (1840). The Last Day of a Condemned. London: George Henderson. стр. 55–56.
  3. Reynolds, G.W.M (1840). Last Day of a Condemned. London: George Henderson. стр. 85.
  4. Bird, Robert. Fyodor Dostoevsky. стр. 48.
  5. Dostoevsky, Fyodor. The Idiot. Penguin.
  6. Dostoevsky, Fyodor. The Meek One. Moscow: Progress Publishers.