Портрет на Караѓорѓе (Зографски)
Портрет на Караѓорѓе — слика од Ѓорѓи Зографски, насликана во 1932 година која се наоѓа во Музејот во Смедерево. Димензиите ѝ се 40,5 х 24,0 см. Портретот на Караѓорѓе е единствениот портрет на Ѓорѓи Зографски што се наоѓа во Музејот во Смедерево, а е датиран и сигниран.[1]
Творец | Ѓорѓи Зографски |
---|---|
Година | 1932 |
Димензии | 40,5 см × 24,6 см |
Место | Музеј во Смедерево, Смедерево |
Опис
уредиПортретот на Караѓорѓе е насликан според стара руска литографија.
Зографски го насликал Караѓорѓе како седи на една стена и ја следи борбата со Турците. Облечен е во народна носија, со долга пушка во десната рака, капа во левата, мечот обесен, а пиштолите заденати на појас. Истакната се битните особени црти на портретираниот: високо чело, истакнат нос, стисната уста, испакната брада, продорни очи — лице од кое зрачи внатрешна сила и одлучност.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Марковиќ, Каменко. „О ПОРТРЕТНОМ СТВАРАЛАШТВУ ЂОРЂИ ЗОГРАФСКОГ – УОПШТЕ И О ЈЕДНОМ НЕПОЗНАТОМ ГРУПНОМ ПОРТРЕТУ – ПОСЕБНО“ (PDF). Посетено на 12 август 2024.