Портата на сите народи

Портата на сите нации или на Портата на Ксеркс е палата која се наоѓа во урнатините на античкиот град Персеполис, во Иран.

Портата на сите народи
Поглед кон Портата
Основни податоци
МестоИран Персеполис, Марвдашт, Иран
Координати29°56′04″N 52°53′29″E / 29.934444° СГШ; 52.891389° ИГД / 29.934444; 52.891389
ОдделПерсеполис
ОпштинаМарвдашт
ТериторијаИран
ЗемјаМарвдашт
МитрополијаФарс
Подрачје70 км североисточно од денешниот град Шираз, во областа Фарс, денешен Иран
Духовно-организациски статусурнатини
Мреж. местоhttp://whc.unesco.org/en/list/114
Архитектонски типАхеменидска архитектура
Материјаликамен

Изградбата на Скалите на сите народи и Портата на сите народи била наредена од страна на ахеменидскиот крал Ксеркс I (486-465 г. п.н.е.), наследникот на основачот на Персеполис, Дариј I.[1]

Палатата

уреди

Палатата се сосотела од една голема просторија чиј покрив се потпирал врз четири камени столбови, кои во основата имале форма на ѕвоно. Паралелно со внатрешните ѕидови од оваа соба, се наоѓала клупа од камен, која се прекинувала во делот кај влезовите. Надворешните ѕидови, направени од широк блок од кал, биле украсени со ниши. Секој од трите ѕида, на исток, на запад и на југ, имале голем влез од камен. Два огромни бикови го крепеле западниот влез, а на источниот влез имало две огромни статуи Ламасу во асирски стил. Над секоја од овие четири колосални фигури, имало изгравирано посвета на три јазика, во која се кажувало дека Ксеркс ја изградил Портата. Јужниот влез бил најширок од трите влеза, и се отворал кон Ападана. Направите за вртење, кои се нјдени во внатрешните агли од сите врати на палатата, укажуваат дека најверојатно имало дрвени двокрилни врати, украсени со метални украси.

Надворешни врски

уреди
  • Наводи

    уреди
    1. „Gate of All Nations“. Архивирано од изворникот на 2014-03-07. Посетено на 2016-12-11.