Портал:Шах/Избрана статија/Шаховска олимпијада
Шаховска олимпијада — меѓународно шаховско натпреварување, кое се одржува под покровителство на ФИДЕ. На натпреварувањето може да учествуваат машки и женски репрезентации од земји, кои се членки на ФИДЕ.
Турнирот се одржува од 1927 година, на секои две години, а содржи натпревари и во машка и во женска конкуренција. Бројот на земји-учеснички не е ограничен.
Победничкиот пехар во машка конкуренција е познат и како „Хамилтон-Раселов пехар“, а се доделува уште од 1927 година. Во женска конкуренција, победничкиот пехар е наречен „Менчиков пехар“.
Досега се одржани 38 шаховски олимпијади, а најмногу победи во обете конкуренции има репрезентацијата на Советскиот Сојуз, 18 во машка и 11 во женска конкуренција.