Портал:Шах/Избрана статија/Мат (шах)
Шах-мат (најчесто нарекувано мат) е позиција во шахот (и во останатите игри на табла од видот чатуранга) во која кралот на еден од противниците е „заробен“ (во шах), а притоа нема слободно поле на кое би можел да отстапи. Да се матира противничкиот крал е главната цел во шахот. Шахистот, чиј крал е матиран, ја губи партијата (според правилата на шахот, откако кралот на еден од шахистите ќе биде матиран, тој нема пвеќе потези на располагање). Во практиката, многу шахисти се предаваат пред да бидат матирани.
Ако кралот е нападнат, но тој може да отстапи, тогаш нему му е објавен шах, но тоа не е мат. Ако кралот не е под шах (кралот нема каде да отстапуи, бидејќи сите полиња кои му се на располагање се контролирани од противничките фигури), тогаш тоа е пат и партијата завршува реми (но во другите варијанти, тоа е пораз за шахистот, чиј крал е во пат позиција. (Видете:шаховски правила) Прочитајте повеќе